Постојат луѓе кои за се’ се незадоволни. Првата грешка која треба да ја избегнеме во контактот со такви луѓе е да се обидеме да не подлегнеме на провокација, бидејќи незадоволството е еден вид на провокација.
Често се случува покрај себе да имаме блиска личност која постојано ни ја полни главата со разни примедби, совети и разни други работи кои не носат ништо позитивно во себе. Тие на тој начин само го расипуваат расположението и шират негативност насекаде околу нас.
Личноста која е секогаш незадоволна може да биде ваш партнер кој во се’ гледа само негативни работи, кој зборува дека се’ што правите е погрешно. Незадоволната личност може да биде некој од вашите работни колеги кои всушност не зависат од вас, но секогаш го искажуваат своето незадоволство, ви зборуваат како не работите доволно добро и треба повеќе да се трудите.
Многу луѓе за жал наседнуваат на тие провокации кои имаат за цел само да се обесхрабрат и да ве натераат постојано да си барате мани и да си го расипувате расположението. Некои мислат дека оваа категорија на луѓе може да се смени, дека можат да ги поправат, но луѓето кои се секогаш за нешто незадоволни, всушност се зависни од такво однесување.
Секогаш имајте на ум дека луѓето кои ви ја црпат енергијата се главен извор на неволја и разочарување во животот. За да го избегнете тоа и да ја сочувате својата самопочит, постои една фраза која може да ви помогне да се заштитите себе кога некој ќе почне да покажува незадоволство кон она што правите и за што сонувате.
‘Ако нешто не ви се допаѓа кај мене, слободно одете си, нема да ми недостасувате. Иако можеби ова ви се чини сурово, оваа фраза може да ви помогне, бидејќи луѓето кои се постојано незадоволни се убедени дека не можеме да живееме без нив.
Луѓето кои секогаш ви го расипуваат расположението и кои само носат негативност во вашиот живот сигурно нема да ви недостасуваат. Не прилагодувајте го својот живот со личноста кој не е добар пример и од кој ништо не сте побарале, кои освен што шират незадоволство не постигнале ништо во животот.
Leave a Reply