Лошите луѓе имаат желба да манипулираат со другите и да ги донесат во неволја и обично тоа го прават на следните начини.
1. Тие прават да се чувствувате виновни што сте несреќни. Кога ќе направите нешто погрешно тие се тука да додадат сол на рана. Ќе ве сожалуваат а всушност ќе најдат итар начин да ви ја ‘напикаат’ вината поради тоа што направивте. И тоа ќе го направат меѓу редови, незабележително.
2. Тие прават да се чувствувате како да сте на натпревар, а потоа ќе покажат изненадување зошто го прифаќате предизвикот. Токсичните луѓе од време на време бараат ситуација во која ќе се натпреваруваат со вас и се додека се тие подобри- добро е, но штом ќе почувствуваат дека ги надминавте, почнуваат да ве понижуваат.
3. Не се претерано непристојни, но на некој начин прават да се чувствувате вознемирено и понижено.
4. Имаат ирационални изливи на бес, а потоа се однесуваат како ништо да не се случило и дека се’ е во ред.
5. Ве тераат да се сомневате во себе. Тие буквално прават се да се чувствувате безвредно и недостојно за било што. Иако таквите луѓе не зборуваат на глас, тие со своите зборови и дела јасно даваат до знаење дека во секој поглед се помоќни од вас.
6. Ве тераат да го превземете нивниот емоционален терет. Ги префрлаат своите проблеми на вас и очекуваат разбирање, емпатија и водство. Меѓутоа кога ќе побарате помош и поддршка, тие се затвораат и ве потсеќаат дека вашите проблеми се само ваши.
7. Ве поправаат во се’. Секогаш вметнуваат нешто нејасно за да го нагласат дека вие ништо не разбирате.
8. Своите проблеми ги претвораат во ваши, но во исто време одбиваат да го прифатат советот за да ги решат. Тие буквално уживаат во своите драми и проблеми, но штом им понудите своја помош или совет, искрено ќе се изненадат.
9. Се појавуваат во вашиот живот само кога нешто им треба од вас. Дури и ако не можете да им помогнете, поради животните околности и прилики, тогаш сте прогласени за виновни и лоши, бидејќи не помогнавте.
10. Кога ги критикувате, во одговорот ќе слушнете дека единствена личност која треба да се промени сте вие.
Leave a Reply