Не барајте причини во пропаднатата љубов. Не барајте од мажот да ви објасни зошто не ве сака или не ве посакува.. Не се обидувајте да му објасните зошто треба да ве сака ако тој нема интерес за вас. Ако мажот не сака врска со вас, на вас е само да го прифатите тоа. Продолжете понатаму. Не барајте скриено значење во она што кажал. И не барајте причини- бескорисно е.
Објаснете си себеси дека е се’ во ред. Не се плашете ако сте напуштени, по секоја љубов доаѓа нова. Дозволете си себеси да ја отпуштите болката која се задржува. Ако повеќе не му сте потребни, не ја барајте причината во себе. Ова е негова одлука, заснована на неговото сопствено уверување.
Нема врска со вашата вредност и како другите ќе ве гледаат. Ако личноста ве одбие, тогаш повеќе не сте му потребни. Но, тоа не значи дека ве одбива цел свет или дека за некој друг нема да бидете добри. Се’ е во ред со вас. Тој само сака нешто поинаку.
Сетете се дека бевте живи и пред тој човек, можете и да продолжите без него. Ценете се себеси доволно за да престанете да бирате некој кој не ве бира вас за возврат. Можеби вашето его е длабоко повредено и можеби се чувствувате како потполна будала, но скршеното срце не престанува да сака, да се предомисли.
Егото е најтешко да се замолчи, но мора. Вратете ја контролата над себе. Сочувајте го своето достоинсво и прифатете ја загубата на тој човек. Пуштете го да живее со својата одлука и да оди низ животот без вас. Дозволете си себеси да плачете колку ви е потребно.
Потоа фокусирајте се на себе. Ако тој мисли дека не му одговарате, тогаш дефинитивно не ви треба и тоа е сосем доволно тоа да биде крај. Ако повеќе не му требате, обидете се повторно да се пронајдете себеси – онаа своја верзија која не е дефинирана преку други луѓе. Својата верзија која ќе биде среќна без било кој. Отворете врата за некој кој можеби веќе долго чека…
Leave a Reply