Недостаток на внимание буди љубовница во жената

Во љубовта не е важно колку партнерот ве сака туку колку се сакате еден со друг. Љубовта не е едносмерна улица. Во љубовта нема победник или губитник, нема слаба и силна карика…нема подобар и полош човек. Во љубовта и двајцата партнери мора да бидат еднакви, во спротивно тоа не е љубов.

Колку и да посакувате да бидете сакани, таа љубов нема смисла ако не возвраќате со иста мера. Колку љубов добивате толку мора и да дадете. Ако во вашата врска тоа не е случај, тогаш таа врска нема смисла.

Врска без љубов и внимание не е врска, туку заедница на двајца луѓе кои не знаат да се сакаат. Недостатокот на внимание е најголем непријател на секоја врска. Покрај недостаток на внимание тука се осаменост, избегнување, помалку поддршка, незаинтересираност и неразбирање.

За тие работи нема место во среќна врска. Недостаток на внимание ја наведува личноста да го побара на друго место- погрешно. Недостаток на внимание буди љубовница во жената. Често и во најверна жена. На никој не му треба врска без своите основни елементи.

На никој не му треба врска која има рок на траење и која после неколку години изгледа како да поминало цело стадо бикови. На врската се работи без престан. Ако не сте подготвени да возвратите онолку љубов колку што партнерот ви дава – заминувајте. Тој ваш партнер заслужува подобро. А и вие заслужувате подобро!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: