Зошто жените ја изгубија самопочитта па се согласуваат и на помалку од она што заслужуваат? Жените најчесто бираат погрешни мажи, бидејќи се погрешно воспитани. Верувале или не, родителите играат голема улога во тоа каков партнер ќе најдат.
За жал, има премногу токсични родители кои ќе го убедат своето дете уште од мали нозе дека не вреди многу. Со потсмевање, игнорирање, критика и слични родителски мерки на воспитание ја уништуваат самопочитта на своите деца, а многу повеќе кај девојките отколку кај мажите.
Тие деца подоцна се сметаат за помалку вредни отколку што заслужуваат. Покрај тоа постои уште неколку причини зошто жените бираат погрешни мажи.
Заштита. Многу жени кои не биле заштитени во детството ќе бараат маж кој тоа може да му го даде. Нив љубовта или страста можеби нема да им биде толку важна како заштитата. Ќе преминат и преку некои големи разлики или лошо однесување поради тоа. Жените ги бираат оние кои ги одбиваат, бидејќи сметаат дека љубовта мора да се заслужи. Ова е исто така последица на погрешни мерки на родителите со кои децата се соочуваат. Подоцна ќе останат во токсични врски, бидејќи сметаат дека таква врска треба да биде.
Рамнодушност кон проблемите. Постојат жени кои не сакаат да видат проблем во врска и едноставно ќе замижат на секоја работа на која треба да се реагира.
Претерана самокритика. Ниска самодоверба, постојано кукање, претерана самокритика- сето тоа доаѓа од детството. На крајот на краиштата, кога мајката погрешно воспитува, таа ќе го кара и понижува детето, а него му е полеесно да каже ‘Јас сум виновен!’. Затоа возрасна жена се обвинува себе што мажот е понекогаш груб кон неа, па дури и за неговото неверство.
Leave a Reply