Како да се развие емоционалана отпорност? Мора да се заштитите себеси

Набљудувајќи што се случува околу, ќе се фатите себеси како често размислувате: светот полудел! Вистинската причина за тоа може да биде скриена во разни работи, можеби и во економската криза. Но, секој ден степенот на емоционален стрес значајно расте.

Емоциите не’ преплавуваат, излегуваат од контрола, не’ обземаат. Како можете да научите да не ги губите нервите и правилно да го распоредите емоционалниот стрес?

Постојат две категории на луѓе: Оние кои од раѓање стекнуваат одредени квалитети и оние кои тие квалитети ги стекнуваат преку животни околности и работа на себе. Вештините на управување со своите емоции се развиваат во период од 21 до 66 дена.

Значи, отприлика два месеци на активно самоусовршување доволно е за развој на нови навики и вештина на емоционално управување. Забрзаност, конкуренција, неисполнети очекувања и напор- тоа се работи кои предизвикуваат анксиозност во нас и кои треба да се задржат под контрола.

Сите тие емоционални проблеми се собираат и личноста почнува да чувствува анксиозност која подоцна некаде мора да излезе. Овој проблем најмногу се однесува на луѓето кои многу работат.

Тоа се луѓе кои се обидуваат да направат се’ на време, да бидат перфект, поради љубов, пофалби. А кога тоа нема да им успее, започнуваат, едноставно речено, со хистерија. Што да се направи? Пред се’, научете да ги разберете причинско – последичните врски, а потоа научете да управувате со емоциите.

Тоа е емоционална интелигенција- отпорност на стрес. Тоа е кога личноста е способна да реагира на препреки и неуспеси на урамнотежен и рационален начин. Не рамнодушно, туку рационално. Одржувајте ги емоциите на такво ниво да не ви сметаат во размислувањето, донесувањето на одлуки и не го оптеретуваат телото.

Кои се главни фактори кој ги носат луѓето до нервоза и стрес? Очекувањата кои не се оствариле. Очекувавте нешто од некој или од себе, но тоа не се остварти. Неускладеност на физичките и моралните способности. Нефлексибилен однос кон ситуацијата.

Превенцијата се состои во посветена работа на вашата емоционалана контрола, на одржување на степенот на такво ниво, што нема да дозволите да бидете ‘бомбардирани’ со сопствените емоции. Многу важна превенција на стрес е способност за преговарање со самиот себе во било кои животни околности.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading