Подобро да се биде сам отколку со погрешен човек, кој не може да види колку вредите. Подобро да се биде сам, отколу со некој кој секоја ноќ ќе ве расплаче. Подобро сам отколку со некој кој ве исцрпува. Да се биде сам не е толку лошо. Да се биде сам може да биде многу убаво како и да се биде во врска.
Но, ако љубовта ви се гади, тоа не значи дека треба трајно да се откажете од врската. Тоа не значи дека треба да го турнете секој кој се интересира за вас, стравувајќи дека ќе ве повреди исто како претходните. Не дозволувајте отровната љубов да ве увери дека ви е подобро да сте сами.
Не се откажувајте од прекрасното чувство на вљубеност, од пеперутките во стомакот. Тоа се најубавите чувства кои сите треба да ги почувствуваме. Движете се со темпо кое ви одговара.
Не се плашете да му дадете шанса на некој затоа што сите во минатото ја прокоцкале. Не се сите односи токсични. Не се сите парови склони кон скандали и навреди. Не завршуваат сите бракови со развод. Не го затворајте срцето кога ќе сретнете некој кој сака да ве заштити или да го заштитите него.
Не бегајте од некој кој може да ви го смени животот на подобро. Не дозволувајте стравот од минатото да ви смета во иднина. Дури и ако во минатото сте имале отровна љубов, знајте дека љубовта треба да биде нежна. Во неа можете да се чувствувате сигурно, само треба да се пронајде вистинската личност.
Не дозволувајте погрешната љубов да ве увери дека ви е подобро да бидете сами, отколку со личност за која отсекогаш сте сонувале. Не мислете дека минатото ќе се повтори и дека сите врски се исти. Љубовта може да биде прекрасна. Запомнете, заслужувате најдобро. Не дозволувајте некој да ви каже поинаку. Вредни сте за туѓиот труд. Можеби утре нема да сретнете својата љубов, но еден ден сигурно. До тогаш уживајте во вашата осаменост.
Leave a Reply