Не е виновна неговата љубовница колку што тој нема почитување кон тебе

Полесно е да се отвори железна врата, отколку на наивна и вљубена жена да и’ се отворат очите.

Разговарајќи со една моја пријателка која ми раскажуваше дека го ‘фатила’ својот сопруг во неверство, навистина ја сожалував. Но, по кратко време бев многу огорчена кога слушнав дека ја обвинува љубовницата за тоа. ‘Да не беше таа, тој никогаш немаше да ме изневери’ – ми кажа низ солзи.

Разбирам дека жените можат да бидат наивни, но тоа што го слушнав е ново ниво на примитивизам. Бидејќи- ‘Да не беше таа, ќе беше некоја друга. Верувај ми.’ Но, откога го кажав мојот став, станав нејзин голем непријател. Ме обвини дека се радувам на нејзината несреќа, ме обвини дека и самата сум љубовница бидејќи ги бранам тие неморални жени, дури ме обвини дека сум човек кој додава сол на рана.. Така ќе си поминете ако се обидувате на некој да му ги отворите очите.

Таквите жени никогаш нема да размислуваат рационално. Жените кои се слепо вљубени во мажите и не сакаат себеси да си признаат дека грешката е во него, а не во жените со кои се гледа. Постојат и оние кои себеси тоа си го признаваат, но покрај себе имаат таков манипулатор што ќе ја убеди дека не е тој виновен.

Престанете да ја барате вината на погрешно место. Ако мажот ве изневерува- не е виновна жената која го заведе. Верен маж треба да биде верен и ако гола жена стои пред него. Тоа што тој се гледа со други жени не значи дека се тие виновни, туку дека мажите немаат доволно почитување кон жената со која се во врска или брак.

За жал, многу жени тоа нема да го разберат. Ќе поверуваат дека не се доволно вредни и дека е подобро да молчат и да трпат. Дека е подобро да имаат маж кој ги изневерува, бидејќи самите себе се отпишуваат. Си ја намалуваат својата вредност која можат да ја имаат, а нив многу тешко може да му се помогне.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: