Детокс или пост? Што е подобро за вас?

Што е подобро- детокс или пост?

Сакате да го исчистите организмот од токсини, но не сте сигурни што е за вас подобро? Детокс е елиминација на токсините во организмот кои се спроведува со помош на посебно осамислено мени, здрави смути и природни производи за чистење на организмот.

За разлика од детоксот, која вклучува конзумација на храна, постот е привремено исфрлање на крути намирници од исхранта. Постот може да вклучува само пиење на вода без внесување на нутриенти или конзумација на свежи цедени сокови од зеленчук и овошје, а сето тоа за да се исчисти телото од токсини.

Добрата страна на детоксот?

Иако не можеме да го менуваме воздухот кој го вдишуваме и светот кој не’ опкружува, а кој е заситен со токсини, можеме да бираме здрави намирници и еколошки средства за чистење. Така ќе знаеме да ја намалиме изложеноста на штетните работи и отрови.

Постојат намирници кои добро го чистат организмот. Тоа се цитруси, листови од глуварче, свеж лук, разни врсти на салата, зелен лиснат зеленчук како кељ, зелка, марула, мунго грав и сл.

Токсините најмногу се собираат во главните телесни органи, како црн дроб и стомачните органи. Затоа тие ќе имаат најмногу корист од детоксикација и нивните функции ќе се подобрат. Вашата надбубрежна жлезда повеќе нема да биде преоптеретена како порано, а здрави свежи детокс намирници дополнително ќе ја нахранат. Здрава надбубрежна жлезда ќе ви помогне полесно да се носите во секојдневните стресни ситуации.

Детокосот ќе ја подобри и вашата циркулација на крвта, ќе го намали крвниот притисок, ќе го намали нивото на холестерол во крвта и подуеност на системот за варење.

Квалитетниот детокс ќе го намали влијанието на слободните радикали и ќе ги зајакне одбрамбените механизми на вашиот организам. Така ќе ви даде долготрајна заштита од рак и други тешки оболувања.

Детоксикацијата може да трае подолго од постот, па за подолг период ќе го заштити телото од разни заболувања. Тоа значи и подразбира трајна промена на прехрамбени и други животни навики. После квалитетен детокс, ќе исчезнат и вашите проблеми со спиењето кои беа предизвикани со вишок на токсини во организмот, а ќе се решите и од хроничниот умор.

Добрата страна на постот?

Постот овозможува одмор не само на вашиот систем за варење, туку и на целото тело. Предноста е на менталната сила и не треба да се поистоветува со изгладнување. Постот бара дисциплина и секогаш се бира целно- чистење на организмот или оздравување.

Постот ја поттикнува работата на вашиот имун сиситем, ги смалува воспалителните процеси во телото и буквално ги изгладнува станиците на ракот. Постот можете да го практикувате неколку пати годишно, најдобро во викенд и тоа во период на промена на годишно време. Ако во текот на постот чувствувате мачнина или имате главоболки, ќе ви помогне врел чај од нане.

Патогените микроорганизми кои ќе стигнат во вашиот организам се хранат со шеќер и други состојци од храната која ја конзумирате. Токму со постот ќе им ја скратите храната која предизвикува инфекција во вашиот организам, независно од тоа дали се работи за вируси, бактерии, габи или паразити.

Постот помага во губењето на килограмите и го поттикнува согорувањето на масните станици во организмот подобро од диета. Во текот на постот организмот наместо да се служи со шеќерот за производство на енергија, се служи токму со тие маснотии. Постот им овозможува на вашите црева да одморат од варењето на храната, придонесува на нивното здравје и го забрзува метаболизмот.

За луѓето кои имаат поголем проблем со системот за варење, постот е одличен избор, бидејќи конзумација само на свежи сокови и течности делува на цревата и го забрзува процесот на оздравување.

Ако имате вишок на токсини во телото, на вашиот организам му треба дополнителен мотив во облик на пост. Пост кој вклучува свежи изцедени сокови, дополнително ќе ги измие отровите од телото.

Ако во текот на постот земате одредени билни напитоци за чистење на организмот, нивниот учинок ќе биде максимален.

Leave a Reply

Up ↑

%d