Кои 5 машки навики е бескорисно да ги менувате

Мажите и жените не се толку различни колку што мислат многумина, само понекогаш ни е тешко да се разбереме меѓусебно.

Мажите и жените не можат да живеат едни без други, поради што се враќаат едни на други без оглед колку меѓусебно се нервирале. На жените понекогаш им е тешко да ги разберат нивните навики и тука прават една голема грешка.

1. Мажите не сакаат да праќаат пораки. На жените денес најголема забава им е секоја минута да им праќаат пораки на своите мажи, а кога тие нема да им одговорат- навредени се. Имајте на ум дека ако мажот не ви одговара на пораки не значи дека е рамнодушен кон вас. Мажите едноставно не ја гледаат смислата во оваа врста на комуникација ако за се’ можат да разговараат со вас кога ќе дојдат дома. Ако имате ваков проблем во врската, обидете се да се фокусирате на квалитетот кој го имате, а не на нејзиниот квантитет.

2. Мажите покажуваат љубов со дела, не со зборови. На мажите им е потешко да зборуваат за своите чувства отколку на жените, затоа тие своите чувства ги покажуваат преки своите дела. Ако мажот навистина ве сака, тој тоа и ќе ви го покаже, бидете сигурни во тоа. Не го форсирајте својот маж да зборува за своите чувства бидејќи за многу мажи љубовта е голем и страшен збор. Подобро да обрнете внимание на неговите постапки, бидејќи тие ќе ви кажат повеќе отколку што треба.

4. Повеќе ќе се труди ако забележи дека може да ве изгуби. Штом мажот ќе сфати дека може да ве изгуби, тој е подготвен да направи невозможно за да ве задржи. Кога мажот ќе почне да се чувствува сигурно во врска, тој почнува помалку да се труди. Штом ќе сфати дека други мажи се интересираат за вас.

5. Мажот најповеќе ја цени својата слобода. Ако сакате мажот да ви биде верен и лојален, дајте му слобода. Така можете да бидете сигурни дека нема да замине кај друга. Не се обидувајте на сила да го врзете мажот за вас, бидејќи мажите најповеќе се плашат дека ќе ја изгубат својата слобода.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: