Ние најчесто тргнуваме од мислата дека е до нас.
Можевме помалку. Можевме потивко. Можевме повеќе да треп-треп со очите, а помалку да зборуваме. Можевме, но не знаеме како. А вистината е едноставна и треба на билборди да се објави:
‘Не се плашат мажите од јаки жени, мажите се плашат од недостаток на сопствена сила’.
Кога наспроти вас имате маж кој е сигурен во својата сила, во машкоста, сопствената стабилност, тогаш и вас ви е овозможено да бидете силни токму толку колку што навистина сте. Бонус: Покрај такви мажи можете да станете посилни. Бонус бонус: Со такви мажи можете да бидете слаби колку што сакате, без да ви се препишува како некоја ‘женска особина’.
Најважно:
Нема да се смалувам, за да можам да стојам покрај некој. Ќе бидам храбра, гласна, јасна, своја, наглас паметна, со јасни желби и јасни граници. Точно силна колку што сум навистина. И само таква ќе припаѓам. Цела.
И да се вратиме на почеток. Кои се тие силни жени, за кои постојано се користи таков комплимент, а всушност сакаат да не’ потсетат дека треба помалку да бидеме се’ она што всушност сме?
Силните жени се сите оние кои не се плашат да го живеат својот живот онака како што тие го замислуваат, самостојни и подготвени да се потпрат на некој, ако тој некој заслужи да ја добие нејзината ранливост. Можат сами, но не сакаат да мораат.
Дали се препознаваш?
Leave a Reply