Па што ако толку многу работи тргнале на лошо? Па што? Сега барем знаете како не треба. Па што ако не ве третираа онака како што посакувавте, а знаете дека заслужувате. Тие ситуации ве направија да бидете поснаодливи.
Па што ако родителите не се однесуваа кон вас како што треба? Тоа ви помогна да излезете од зоната на комфорот и удобноста на родителскиот дом и со поголема одлучност да тргнете во нов живот! Таму каде вие можете да го добиете она кое не го добивавте кога бевте помали.
Па што ако личноста со која се венчавте не е таа со која сакате да го поминете остатокот од животот? Дали дадовте се’ од себе и најдобро што можевте таа врска да успее? Да? И не оди понатаму? Па не е крај на светот.
Верувајте ми, нема ништо страшно да се случи, од она сценарио што вашиот мозок може да го состави. Се’ на крајот ќе се намести, а вие конечно ќе имате свој мир. И ќе можете се’ што ќе посакате.
Па што ако согледате дека вашиот ден не оди како што треба? Не сте задоволни од работата? Бидете благодарни на тоа сознание. И менувајте се.
Па што ако вашето минато не е идеално? Па ничие не е! Ние мислиме дека на другите им е подобро, бидејќи не го живееме туѓиот живот 24 часа на ден. Престанете да верувате дека сте жртва на животот и судбината. Вашиот живот е ваша работа. Не можете да му помогнете на друг, ако не си помогнете себеси.
И на крајот…Што ќе ви е нов ден, ако во него повторно го вртите стариот филм?
Не треба да чекате дозвола однадвор. Дајте си ја себеси шансата. Вие тоа го заслужувате. Вредни сте за тоа. Никој друг не е повреден од вас!
Leave a Reply