10 работи кои луѓето ги мешаат со Љубовта- Што всушност Љубов не е?

Светот божем овие денови ја слави љубовта, многу празници, а всушност никој од нас не ја знае дефиницијата за љубов.

Според Гугл, Љубовта е силно чувство за задоволување на основни емоционални потреби, давајќи најинтензивно чувство на блискост. Што е речиси неточно.

Зошто? Затоа што основните емоционални потреби не може да ги задоволи никој друг и затоа што нашите емоционални потреби се комплексни. Навистина, копнееме по љубов. Меѓутоа, во тој копнеж ги затвораме очите и толку погрешни работи ги нарекуваме Љубов.

  1. Страв од напуштање. Многу слично на љубов. Меѓутоа, не е љубов.
  2. Нарцисоидно злоставување. Тоа во книжевноста и секојдневието го нарекуваме фатална љубов. Тоа е всушност токсичен однос во кој моментите на среќа се толку ретки што во нашите очи тоа изгледа огромно.
  3. Потреба за сигурност. Исто многу слично. Но, тоа не е Љубов.
  4. Мачнина во стомакот и треперење на колената. Наводно, вистинска љубов. Но, тоа е исто страв од одбивање.
  5. Потребата да бидеме спасени- не е Љубов. Тоа е само тоа- потреба да бидеме спасени. Никој нема да не’ спаси. Никој нема да дојде. Оној кој се претставува како спасител, најчесто посакува да има потполна контрола над тебе.
  6. Одличен секс и хумор- Велат не треба повеќе од тоа. Тоа е љубов. Меѓутоа, не е Љубов само тоа. Одличен секс има и кога не се сакаме.
  7. Слепо обожавање- не е Љубов. Кога предметот на обожавање стане човек, обожавањето исчезнува. Божествата се сакаат само оддалеку.
  8. Подароци- не е Љубов. Со подароци се фалат жените кои не ни навикнале на подароци, што е исто така голем проблем и оние кои не го примиле подарокот, туку утешна награда или мито.
  9. Јавна Љубов по социјалните мрежи- не е Љубов. Што повеќе слики, тоа помалку секс. Што повеќе селфи, тоа помалку квалитетно дружење. Ниту тајната Љубов не е Љубов. Но е поголема Љубов од онаа за која ни требаат 300 лајкови.
  10. Лов на голем плен и недостижен фраер или жена -не е Љубов. Тоа е само тоа- лов. Лов во кој на крајот сфаќаме дека од сите емоционални потреби, го исполнува само егото.

И да не завршуваме вака песимистички и негативни. Една моја постара пријателка, на која и’ се случи најголема љубов, покрај безброј безначајни, на ова прашање ми одговори: ‘Никогаш во животот Мојот маж не ме повреди, ниту навреди. По секоја друга врска се распаѓав. Но, кога тој си замина јас станав посилна и поголем човек од порано’.

Тоа би можело да биде љубов. Без фаталност, треперење на колента и слепо обожавање. Однос во кој толку растеш и тој толку те сака што не му импонира твоето распаѓање, туку ужива колку си голема, силна, никогаш навредена и повредена.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading