Развод после многу години брак? Одговорот е во мудрата приказна за огнот

Многу парови кои по 20 години брак се разведуваат, како најчеста причина го нагласуваат неверството. Често гледаме парови за кои ни се чини дека добро живеат, не се расправаат, децата им се веќе пораснати и заминале по својот пат, но нешто им недостасува и тие одлучуваат да се разведат. Многумина не можат да разберат што им недостасува, па се обидуваат тоа да го пронајдат некаде на друго место.

Нив им недостасува страст, им недостасува оној жар кој го имаа во младоста. Со годините страста исчезнува, а љубовта пополека се гаси. Останува само навика со која многу парови прифаќаат да живеат. Зошто некои брачни парови ја губат страста која ги спои и која ја имаа на почетокот на бракот, додека кај другите страста останува и речиси ништо не се менува со децении подоцна?

Има една интересна приказна за огнот во која може да се најде одговорот на ова прашање.

‘Еден ден учениците седеа околу огнот со својата учителка. Разговараа за разни работи, а еден ученик ја праша учителката зошто некои луѓе се венчаваат и влегуваат во брак со многу надеж, се трудат да си удоволат едни на други, а после неколку години на заеднички живот живеат како куче и маче?

Додека разговараа, некако заборавија на огнот и тој се изгасна. Учителката се сврти кон еден ученик и го праша зошто огнот се изгасна. Ученикот му се извини на учителката и рече дека се фокусирале на муабетот и не обрнале внимание на огнот. На тоа учителката одговори:

‘Исто е во односот помеѓу мажот и жената. Додека нивниот пламен на љубовта гори, тој мора постојано да се оддржува, инаку ќе се угасне. Тогаш ќе биде тешко, речиси невозможно повторно да се запали’. Така е речиси во суштина со сите работи во животот. Пријателството ќе трае додека пријателите се трудат тоа да трае.

Ако ги занемариме своите пријатели, со тек на време пријателството ќе престане. Ако мажот ја фали својата сопруга дека е таа добра домаќинка, таа ќе стане уште подобра. Ако жената го фали и поддржува својот сопруг, тој ќе стане уште подобар. Ако тие престанат да си угодуваат еден на друг, со тек на време ќе почнат да живеат како двајца цимери, а не како маж и жена.

Љубовта исчезнува кога мажот и жената нема да се трудат. Страста и чувството се заменуваат со рамнодушноста што подоцна води до развод.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: