Не се потпирај на мажот- денес е тука, утре не

Жената треба да го цени својот интелект и да се почитува себе. Треба внимателно да ги слуша туѓите совети и да размисли за нив пред некој од нив да ги прифати.

Жените сакаат да им помагаат на другите, да даваат совети, но некогаш тоа скапо ги чини. Жените некои работи често ги сфаќаат доцна. Понекогаш жените дури кога ќе дојдат во зрели години почнуваат да разбираат некои работи кои до тогаш не ги забележале и дури тогаш ќе ја согледаат вистината која цело време им е пред очите.

  1. Време. Раѓањето не е наша крајна цел, туку почеток. Што сме постари повеќе го освојуваме светот, истражуваме и ги проучиваме работите околу себе и стануваме ментално и духовно побогати. Често единствената работа која ја посакуваме е кога ќе дојдеме дома после работа да легнеме и одмориме, но така губиме драгоцено време. Одморот е навистина важен, но не смееме да губиме драгоцено време во беспотребно лежење. Мора да бидете во сосотојба да го организирате своето време и да го искористите најдобро што можете.
  2. Работа. Многу жени се двоумат околу тоа дали жените треба да работат или да бидат домаќинки и да им се посветат на семејството. Жената треба да работи и работата треба да и’ биде на прво место, посебно кога уште нема свое семејство. Работата и кариерата е она што жената ја учи на подеми и падови, што и’ помага да се носи со стресот, неуспехот и неправдата. Работата помага да се развивате како личност и да работите на себе.
  3. Мажи. Мажот не е подарок кој ни го испрати судбината и на мажите не смеете да се потпирате бидејќи денес се тука, утре веќе не се. Жената треба да се фокусира на себе и да се труди да биде среќна, а не да се фокусира на маж и од мажот да очекува да ја направи среќна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: