Зошто привлекувам погрешни мажи?

Не постои жена која ова прашање не си го поставила барем еднаш. Од друга страна, еднаш одамна, бев уверена дека нема да бидам една од тие жени. Онаа која ќе се изгуби….Онаа за која велат дека има или преголеми или премали критериуми, онаа која свесно дава шанса која другата страна не ја заслужи.

Знам кога го освестив тој момент. Со мојата пријателка се возевме во автомобил, кога ми падна горозна мисла на памет: ‘Јас во животот до сега бев се’ само не среќна во љубовта’.

Да, вистина е. И колку ми е тешко да си го признам тоа себеси повеќе од еднаш, за тоа сум виновна исклучиво јас. Повеќето жени, независно од возраста, нивото на самодоверба или емоционална интелигенција, кога ќе сретне погрешен маж, секогаш смета дека Тој е најголемиот проблем.

Всушност, размислуваат во погрешен смер, она што секоја од нас во својот живот донесе погрешен маж мора да се запраша следно: Зошто привлекувам постојано ист тип на маж?

Размислувајќи зошто е тоа така, открив една важна работа- во мојот приватен простор прифаќам мажи за кои чувствувам дека можам да ги променам, дека можам да се грижам за нив и дека можам да им помогнам да ги излечат нивните несигурности и емоционални нестабилност.

На еден начин, ги прифаќав мажите како проекти, бидејќи не сакав да се занимавам со најважниот проект- со самата себе. Избегнувајќи анализа на самата себе, избегнувајќи да сфатам што е исправно а што не е, навлегов во свет на машко-женски односи кои сите со ред, за моето здравје, психа и самодоверба беа токсични.

Секогаш бев подготвена да им дадам најдобри совети на своите пријателки. Да ги изведам на ‘прав пат’, да им помогнам да станат посилни, да се одат, да кажат не. И на крајот да сфатат дека е тоа сосем во ред. Така тоа се случува, секогаш сме подготвени да им помогнеме на другите со совет. Но, многу тешко прифаќаме дека тие исти совети треба да ги искористиме и за нашиот живот.

Не е до мажите, не е до тоа дали праќа пораки доволно често. Дали купува ова- она за малку внимание. Не е до тоа да ми каже дека ме сака, а тоа не го докаже ниту еднаш со своја постапка.

Јас сум таа која во секој момент во потполност е свесна за сите свои аспекти на односот со партнерот. Свесна дека сме потполно некомпатибилни, свесна дека ме зема здраво за готово. И на крај, свесно одбирам да бидам во тој однос. Такви ситуации доживеав речиси секој пат. Тие лузни кои ги собирам во себе како некој мазохист, ми помогнаа еден ден да се разбудам и да сфатам дека за нив повеќе нема место.

Повеќе нема место за несигурност, страв, преиспитувања, анализа грижа…И непроспиени ноќи кои ги кратев гледајќи на мобилниот телефон, дали ми е пратена порака која барем малку ќе ме нарани.

Повеќе нема ронки од колачот кои ќе ми бидат доволни. Свесна сум дека заслужувам најсочно парче од тој колач. И знам, чувствувам и верувам денес повеќе од било кога- тој се крие во некоја ‘слатка куќа’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading