Еден стих кој неодамна го прочитав: ‘Не сакам да бидам среќна, туку сакам да бидам со тебе’.
Ужасот од оваа реченица ми беше многу јасен. Некогаш наивно помислувам дека само јас така се чувствувам и дека не постои жена која бира оштетен маж наместо вистинска среќа. А на жените ништо подраго од расипан маж и оштетена душа. Ние, спасителки на прекрасни суштества кои живеат во длабочините на некои гомна кои несебично ни ги даваат, се сметаме за идни суперхерои.
Да, јас ќе го натерам да престане да пие. Да, јас ќе му ги излечам раните кои му ги направи мајка му. Да, јас ќе ја променам неговата одлука да не се жени и да нема деца. Да, покрај мене ќе престане да биде промискуитетен идиот.
Јас ќе му застанам на цртата. Да, мене ќе ми се посреќи она што ниту на една не му успеа.
Соврешено сум уверена дека мисијата ‘Поправи го, промени го, биди таа’ во поголем број случаеви на жената и’ е поважно од љубовта.
Мисијата секогаш ја храни и надежта дека оштетена душа и непоправлива личност се преобразува, па така станува улимативен предизвик за многу од нас. И секоја е уверена дека токму таа, баш таа и само таа потполно ќе го трансформира во друга личност. Да му се помогне на кутриот. Да се разбере. Да се биде тука.
При тоа потполно забораваме на себе и многу често бираме потполн хаос наместо потполн мир и потполна несреќа наместо среќа. Да се поправи непоправливо, станува поважно од се’ на светот, а надежта не умира.
Во деновите на страв дека ќе го изгубиме расипаниот маж и во деновите кога ќе го изгубиме, останува огромен страв. Страв. Не од сопствената несреќа туку од тоа дека некоја следна ќе биде таа. Таа која ќе го промени.
Би сакала некој на малечката Јас (веројатно веќе некој ми кажал, но јас не слушав) дека е поважно да се биде сакан отколку да се обидуваме да бидеме суперхерој.
И вас истото ви го кажувам дека не заслужувате да бидете несреќни ако одберете да поправате други личности, наместо да се поправате себе и ако свесно наместо љубов и мир бирате страв и хаос.
Марина
Leave a Reply