За нарцисот, само другите се виновни-10 показатели дека имате маж нарцис

Многу жени се омажени за нарцис, иритантен маж кој за нив е тежок проблем. Нарцисоидноста може да биде токсична особина, а најтоксично се искажува во љубовните и семејните односи. Еве како да го препознаете:

  1. Се однесува како да е подобар од другите. Нарцисот не мора нужно да го сака својот изглед и да биде опседнат со телото. Но, секогаш ќе се однесува како да е над сите други луѓе, како да е прва лига додека другите не му се ниту до колена.
  2. Секогаш себеси се брани. Нарцисоидните мажи често се премногу заштитнички настроени кон себе. Секогаш себеси ќе се бранат дури и кога не се во право.
  3. Не слуша туѓи совети. Дури и ако му посакувате само најдобро, нарцисот нема да сака да слуша туѓо мислење. Можете да му зборувате што сакате и колку што сакате но тие секогаш ќе прават по свое.
  4. Тој мора да биде во право секогаш. Нарцисите едноставно се неспособни да ги прифатат туѓите мислења.
  5. Претераната желба за контрола. Мажите нарциси својата контрола ја искажуваат над сите аспекти на жената. Што ќе облече, како ќе се однесува, каде ќе излегува- се’ мора да биде како што тој ќе каже.
  6. Потсвесни манипулации. Мажот нарцис знае како да го посади семето на сомнеж во вашата глава за подоцна да добие тоа што сака.
  7. Потребна му е потврда од другите. Нарцисот живее од пофалби и комплименти. Тоа е храна за неговото его. И ако не го фалите доволно, ќе биде многу лут и незадоволен.
  8. Не познава емпатија. Мажот нарцис едноставно не се грижи за туѓите чувства. Можеби тоа ќе може да го одглуми, но во него едноставно не постои способност да сочувствува.
  9. Ги обвинува другите. За се’ што се случува- другите се виновни. Дури и кога на сите им е јасно дека тој го предизвика судирот, тој и понатаму успешно ќе пронајде друг виновник.
  10. Тој е жртва. Мажот нарцис сам себеси се убедува дека е жртва и дека сите други луѓе се против него. Вистина е, многу луѓе ќе го напаѓаат поради неговите иритантни особини, но за жал тој никогаш нема да ги увиди.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading