‘Не ми е гајле’- Што е емоционална нечувствителност?

Секој има свој праг на психолошка издржливост и никој не може да предвиди каква ќе биде неговата реакција на силен стрес. Понекогаш личноста престанува да доживува било какви емоции и станува рамнодушна кон се’. Оваа состојба е опасна бидејќи може да развие и сериозен ментално пореметување.

Секоја емоција има многу нијанси кои ја сочинуваат разноликата слика на животното искуство. Емоционалната нечувствителност не е само рамнодушност, туку таа го лишува човекот од способноста на набљудување на надворешниот свет и проценување на се’ што се случува околу него. На личноста не му дозволува нормално да работи, комуницира и живее. Хоби, интереси, односи со луѓето стануваат непотребни, бидејќи тука нема емоции: Личноста не сака да прави нешто што носи радост или задоволство. Зошто да се прават бесмислени потези?

Одговорноста е друга работа, секојдневните ‘морања’ мора да се исполнат и направат. А се’ надвор од тоа- средби со пријателите, забава, хоби, креатевен нагон- се врзуваат за емоции и желби.

Многу погрешно ја разбираат нечувствителноста како спасувачки механизам за надминување на стресот. Одвреме навреме, навистина е корисно да се исклучат емоциите за да се фокусираме на важни задачи, бидејќи претеран жар, може само да наштети. Постои уште една лоша работа: пречесто забораваме да се вратиме и ментално да ја преживееме тешката ситуација. Потиснатите чувства се акумулираат одвнатре и порано или подоцна ќе излезат на површина.

Навиката на потиснување на емоциите за да се заштитиме од било какви непријатни чувства се нарекува избегнување, а тоа е најдобар заштитни механизам. Емоционалнатта нечувствителност често се развива по големи шокови, посебно кај луѓето кои подолго време биле злоставувани од сурови родители или партнери. По правило, жртвите на насилство не можат да вилијаат на она што им се случува и затоа стануваат нечувствителни, бидејќи тоа е единствен достапен начин на заштита.

Емоционалната нечувствителност не исчезнува сама од себе, патот кон опоравување е долг и тежок. Мора да се промените себе и да ги промените односите со надворешниот свет. А мора да работите на себе за да го вратите вкусот на животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: