Духовни правила за привлекување на љубов

Никој не ги сака луѓе на кои им треба некој друг за да се чувствуваат комплетни. Всушност најмногу љубов привлекуваат оние кои се прифаќаат себеси, своите предности и мани, бидејќи сите знаат дека подеднакво така ќе ги прифатат и нивните позитивни и негативни карактеристики.

Треба да сфатиме дека сме комплетни единствено кога ќе го покажеме своето вистинско лице и добро и лошо. Колку ни е удобно во сопствената кожа, така и зрачиме однадвор.

Не се вели залудно дека сме она што веруваме дека сме. Можеби мислиме дека не сме вредни да бидеме некој во добра врска. Можеби мислиме дека всушност не заслужуваме љубовна среќа.

Се сомневаме дека некој ќе не’ сака некаде таму надвор и ќе не’ чека нас. Се сомневаме во љубовта. Но, треба да се разбере дека вселената е многу голема и се’ е можно, ако му дозволиме тоа да се случи, а ќе се случи ако се ослободиме од границите на сопствениот ум.

Многу луѓе нешто сакаат, но секогаш имаат нешто ‘ама’ во позадина. Освестете ги своите намери и планови и ќе биде полесно да се најде она што барате отколку кога всушност и не сте така сигурни што сакате. Кога не знаеме што сакаме, силите на вселената можат да се поиграат со нас и да не’ фрлат као лист на ветар.

Ништо нема подобро кога човекот праќа позитивна енергија. Треба само да го прави тоа што го сака. Затоа најдете некоја страст во животот, нешто поради кое срцето ќе ви чука и правете го тоа. Таа страст ќе ја почувствуваат и други луѓе кои ќе ве направат поатрактивна личност. Страст кон нешто покажува дека сте исполнета личност и дека се сакате себеси и својот живот без оглед дали сте во врска или не.

Не можете да мислите позитивно, а сепак да не очекувате дека совршен партнер ќе се појави пред вас. Поврзете со луѓето кои делат сличен интерес како и вие и не затворајте се во своите 4 ѕида.

Излезете меѓу светот и не се плашете да покажете колку сте убави и единствени.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: