Зошто се одлучувате за маж кој не е достоен за вас?

Тоа се мажи кои не ги гасат своите профили на Тиндер, иако ќе кажат дека само со вас излегуваат. Тоа се мажи кои ќе ве натераат да поминете низ пеколот; оние кои ќе ве натераат да трчате маратон, а тие нема да мрднат со прст за вас.

Доста за тие мажи. Тие предизвикаа доволно штета. Ова нема да се однесува на нив. Не ве заслужуваат и никогаш ниту биле за вас. Не се достојни. Мора да се уверите во фактот дека и да бидете најдрага, најмила, најблага и најдобра личност на оваа земја, мажите нема секогаш да реагираат на вашето најдобро однесување. Всушност, постојат толку многу мажи кои се многу повеќе подготвени да ја искористат вашата љубезност.

И не е важно колку сте љубезна личност- никогаш не можете да контролирате или предвидите како другите луѓе ќе се однесуваат кон вас. Луѓето општо ја прават промената во својот живот кога ќе се одлучат на тоа. Не постои надворешна сила која е доволно силна да ја присилат личноста да ги промени своите темелни начела. Едноставно речено, речиси е невозможно да сакате така лош маж до таа мера за да успеете да го промените на подобро. Нема романтични зборови или алат кои можете да ги употребите за да го натерате да ве сака онака како што вие го сакате, ако него не го интересира. Вистинското прашање е зошто да се согласите некој да постапува така со вас, некој кој воопшто не е вреден?

Колку и да сакате да ги преставите мажите како негативци, нешто од вината паѓа и на вас самите. Вие сте таа личност која го толерира неговото однесување. Да, вие сте жртва во оваа ситуација, а погрешно е жртвата да се срами. Но, она што е уште полошо е постојано да ја повторувате улогата на жртва.

Тоа доаѓа до точка во која тоа е избор и навистина мора да донесете одлука да престанете да бидете жртва. Мора да бидете способни да се грижите за себе и да барате кон вас да се однесуваат како што заслужувате. Во потполност имате контрола над својот живот. Можете да кажете дали сакате да останете или не со таков маж. Секогаш имате можност да заминете.

Да, веројатно ве увери и на крајот ве присили да останетте со него. Но, на крајот, слободата да си заминете и понатаму е само ваша. Сеуште можете да одберете дали ќе трпите такво однесување или не. Зошто тоа го правите? Го знаете одговорот? Веројатно Не.

Се држите за такви мажи, бидејќи се одраз на она како се гледате. Причината поради која одбирате токсични мажи, оние кои се лоши за вас е што имате лошо мислење за себе. Ви недостасува храброст да се погледнете себе и се’ околу себе и да кажете дека е доста. Ви недостасува одлучност да се решите од оковите кои самите себеси ги ставивте; ланците во кои се врзавте. Кога ќе одберете да се видите себе како неверојатна личност која е достојна за најубавата врста на љубов, тогаш ќе престанете да одберете маж кој е достоен за вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: