Имате шанса за промена. Знам дека е тешко да ја оддржите надежта кога се борите да го разберете хаосот во својот живот. Се чувствувате како да немате никој покрај себе, а понекогаш навистина немате.
Се чини дека не е можно да се најдат луѓе кои ја препознаваат вашата вредност. Знам дека е тешко да ги одржите своите очекувања и желби кога не го гледате патот. Се чувствувате како целиот живот да завршува тука.
Но, вашиот живот не е завршен. Заглавени сте во концептот кој се вика илузија на крајот од една етапа, која вели дека ја потценуваме количината на идната самопромена, која можеме да ја постигнеме. Завршивме со промените дури тогаш кога ќе престанеме да веруваме во својата способност за промена.
Си повторуваме дека личноста каква што сум денес ќе биде засекогаш таква. Како резултат на тоа, никако не можеме да видиме излез од нашата моментална состојба.
Го потценуваме трудот и упорноста која промената ја вклучува. Тоа е животно дело. Не го потценувајте својот живот само по тоа каде сте сега. Погледнете ја својата мината, сегашна и идна верзија. Погледнете од каде доаѓате, до каде стигнавте, уживајте во тоа каде се наоѓате и гледајте напред таму каде што сакате да бидете.
Запрашајте се дали денес сте иста личност од пред 10 години. Постојано се развиваме, како и светот околу нас, не во скокови и граници, туку со невидливи чекори. Вашата перспектива одредува на кој начин ќе растете. Промената на начинот на кој гледаме на себе во нашите животи ја менува нашата иднина.
Вие не сте жртва. Вие сте патник кој се движи низ подеми и падови во животот. Кренете ја главата. Не мора да бидете во сосотојба да ја видите комплетната визија. Не мора точно да знаете кога ќе стигнете до целта. Само бидете сигурни дека ќе стигнете.
Имате право да се чувствувате обесхрабрено, поразено или отупено. Но, овие чувства не се конечни. Живееме во свет во кој себеси си зборуваме дека ако нешто чувствуваме, тоа мора да биде вистина. Чувствата се привремени, добро е она што со емоциите имаме залет.
Моментално имате живот што е вреден за живеење. Не ви треба некоја голема божја интервенција. Вашиот живот ќе продолжи и покрај овој привремен застој. Имате можности кои тек треба да ги воспоставите. Имате надеж која ве чека на друга страна.
Краткорочни застои не се показател на вашата вредност. Не сте ‘готови’ ниту пак е готово со вас. Вашата моментална ситуација не е показател на вашата иднина. Завршивме со промените дури кога ќе се откажеме од себе. Не се откажувајте од себе.
Емил
Leave a Reply