Потрагата за љубов е потрага на Бог

Овој пост ќе го започнам со приказната за индискиот духовник кој сиот исцрпен и изнемоштен, после долго пешачење, во сред ноќ стигнал во некое село, очекувајќи дека ќе најде сместување. Меѓутоа, сите врати биле затворени, сите го одбиле. Тој почнал да му се заблагодарува на Бог.

Некој не го прашал зошто му се заблагодарува на Бог, кога дозволи така изнемоштен да остане сред ноќ без покрив на главата, а тој рекол: ‘Бог најдобро знае што ми треба, тој одлучи дека во овој момент таква ситуација ми е потребна’.

Овде лежи неисцрпна мудрост на нашиот однос со другите и нашиот однос со Бог.

Ние грчевито се држиме за некои личности иако со нив доживуваме неуспеси и фрустрации, но тоа во одреден момент ни е неопходно за да ја сфатиме својата вредност. Ние всушност сета вредност ја префрламе на нив и си стануваме беззначајни себеси, па и на другите.

Затоа остануваме пред затворена врата- Бог одлучува такви личности да си одат од нашиот живот бидејќи премногу не’ сака и ни посакува да тргнеме по патот на љубовта кон себе.

Сака да ни каже дека не можеме да сметаме на никој, освен на Господ и на самите себе – така и духовникот се исцрпи себеси до последната капка сила, потпирајќи се на другите луѓе и на крајот остана пред затворени врати. На крајот сфати дека се има само себе и Господ кој му покажа дека може да биде заштитен во неговата прегратка, независно од другите луѓе.

Не ни даваат нас луѓето среќа, туку Бог. Бидејќи, како другите луѓе можат да не’ направт среќни, ако ни сами ја немаат доволно? Тие гледаат како да ја добијат преку нас, па кога ќе успеат во тоа, одат понатаму до недоглед.

Се’ додека сме непресушен извор на љубов, на начин како Бог нас ни ја дава, безусловно, ние ќе бидеме магнет за други и нема да имаме проблематични односи. Штом ќе почнеме да ја условуваме својата љубов, ние стануваме одбојни и ја претвораме љубовта во трговија. Со затворено срце сме семе, кога ќе го отвориме срцето, ние сме расцветан цвет кои мириса и привлекува.

Зошто толку често удираме во ѕид кога ни е потребна љубов? Затоа што ја бараме на погрешна страна. Затоа што на тој начин ги фаќаме капките наместо да пливаме во океанот. Зошто дозволуваме да не’ оставаат пред врата, кога зад таа врата има тесен простор, а во Божјото е бесконечност.

Ние сме сами, но не и осамени. Во секој однос сме сами, во друштво сме сами. Секое сраснување со другите е многу болно и неприродно. Кога ќе се родат сијамски близнаци, светот се згорзува. Тие умираат или насилно се раздвојуваат. А ние толку многу се трудиме да сраснеме во своето незнаење и така го бираме страдањето.

Радоста е на другата страна. Зошто некогаш сме толку радосни и среќни, иако долго немаме партнер, ниту сме во врска? Дури не’ одбива помислата да влеземе со некој во врска, да не ја расипеме таа среќа. Тоа е знак на Божествена љубов и доказ дека не сме осамени иако сме сами.

Во таква состојба сме најпривлечни и кога ќе влеземе во врска, се’ е како бајка, но ние во еден момент се префрламе на друг колосек и почнуваме да бараме сигурност, стануваме посесивни и полни со барања.

Тука љубовта се губи. Тука престанува верата и божественото во нас и се затвора чешмата. Тука почнуваме да се црпиме себе и партнерот бидејќи нема доток на енергија.

Затоа доаѓа до заситување бидејќи константно се врти иста енергија- рутина во односот. Штом нешто ќе се пропушти, ние сме во шок и страв, бидејќи го препознаваме губењето на љубов. А тука всушност љубов нема, бидејќи го затворивме патот оној момент кога ја напуштивме безусловната верба дека е се’ добро и без плеткање на нашиот ум.

Извор: Azra

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: