Бог нема секогаш да ти ги каже работите јасно. Понекогаш знаците се збунувачки, не затоа што Tој не знае да ти прати јасна порака , туку ти разбираш половично. Но, сепак Tој не се откажува од тебе.
Ние секојдневно добиваме знаци, но нивното декодирање и примена во нашето секојдневие е малку поголем предизвик. Тие знаци можно е да бидат речиси невидливи, лесно ги тумачиме како случајност. Ако не ги забележиме првите знаци, Бог ќе се потруди да ни прати малку поочигледни. Тие можат да се појават во облик на физички симптоми или во облик на случувања кои не’ туркаат надвор од нашата зона на комфор.
Обрнете внимание на следниве знаци:
- Појави кои можат да поминат како случајност, освен што изборот на моментот е премногу совршен.
- Соништа кои ви нудат пораки или предлози.
- Книги, текстови и видеа кои зборуваат директно за она што моментално ви се случува во животот.
- Физички симптоми кои сигнализираат нешто подлабоко (како болка во грбот како да ја носите сета тежина на светот на грбот)
- Препреки на моменталниот животен пат. Ако нешто се чини многу тешко отколку што треба, тоа може да биде знак дека треба да одберете друг пат. Кога ќе го слушнете својот повик, работите се одвиваат без напор.
- Пораки кои се јавуваат во време на медитација.
- Интуиција која не можете да ја занемарите.
- Чувство на внатрешно знаење дека нешто е вистинско, иако е речиси лудо, неверојатно или недостижно.
- Текстови на песни кои постојано се повторуваат.
- Одговори на молитви кои го насочуваат нашиот пат.
- Личности кои ги привлекувате, кои го делат вашиот повик и ве водат на патот или го делат патот со вас.
Бог се обидува да комуницира кога се случуваат чудни случајности, случајни откривања, книгите се отвораат на ‘случајни’ страни, се појавуваат необични, збунувачки соништа кои одговараат директно на прашањата.
Сеуште имате избор, без оглед на тоа што Бог ви зборува. Можете да бидете разочарани со одговорите или можете сеуште да одлучите да слушате. Слободната волја е смешна работа кога е во прашање духовно водство. Но, не мора да ги следиме упатствата. Можеме или не да ги набљудуваме знаците или едноставно да ги игнорираме.
Само не заборавајте да кажете благодарам.
извор: atma
Leave a Reply