Кога сонот не се остварува и кога љубовта не е доволна?

Тој/таа е прво што помислувате наутро и последно на кое мислите пред да заспиете. Полни сте со идеали и очекувања, соништа за тоа како вашата врска се развива и љубовта јакнее. Давате се’ од себе, бидејќи некаде длабоко во себе го носите уверувањето дека љубовта се’ победува.

Но, како времето поминува, сфаќате дека сонот не се остварува, дека не добивате она што очекувате и дека вашата љубов не е доволна. Но, не се откажувате.

По секое разочарување ги собирате остатоците и се трудите уште повеќе. Си мислите, овој пат мора партнерот да почувствува колку се трудам и колку го сакам и можам да му возвратам со иста мерка.

Но, тоа не се случува и никогаш нема да се случи. Бидејќи овде не се работи за љубовта која се дава и прима, туку за програми со кои ги живееме своите проекции и неисполнети очекувања.

Ако имате среќа, ќе се случи нешто што ќе ве удри во главата и срцето толку многу што не ќе можете да ја видите вистината и да ја негирате сопствената болка која динамиката на ваквиот однос упорно се обидува да го освести во вас.

Тој длабок копнеж кој го носиме во себе и кој го сметаме за голема љубов е всушност копнеж за самите себе, за оној дел од себе кој некогаш одамна го напуштивме, бидејќи беше премногу болно да се соочиме со него.

Сета болка која ја доживуваме во односот кој не ги исполнува нашите очекувања е всушност таа стара болка која другата личност ја извлекува на површина. Тоа е подарок.

Иако лошо спакован, тоа е сепак еден голем, огромен подарок од животот и таа личност.

На крајот, тој партнер кој не е подготвен да ви возврати љубов на начин кој го очекувате е исто некој кој не сака да се соочи со својата болка, па избира живот во драма.

Ако некој успеал да ве донесе до точка на освестување со своите постапки, треба да му бидеме благодарни и да му возвратиме така што ќе го пуштиме сам да си го најде патот и својата независност дозволувајќи му сам да се избори со своите демони.

Таа прекретница на која се случува трансформацијата, каде конечно сме подготвени да ги отфрлиме илузиите на детството, да превземеме одговорност за сопствениот живот и да ги подигнеме своите стандарди на едно поголемо ниво. Да се ставиме себе на прво место.

Да се вратиме во својот центар. Дури тогаш сме подготвени за љубов каква што очекуваме. Бидејќи сме подготвени да ја дадеме.

Патриција

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: