Ме прашуваш како сум и кога ќе ти кажам повторно плукаш по тоа. Те молам немој повеќе да ме прашуваш како сум, јас сум добро, со тебе или без тебе. Да го прескочиме ова банално повторување.
Не те прашуваат тие како си, бидејќи ги интересира. Не, не прашуваат. Тоа е повеќе реторичко прашање. Ако те прашуваат како си, не мора да значи дека ги интересираш ти. Можеби им е досадно па сакаат ‘во живо сапуница’. На луѓето им е во навика: ‘Како си?
Понекогаш ми е помило да се воздржат од тоа прашање. Бидејќи е ради реда, туку така.
На некои им е досадно и немаат свој живот, па се плашат во надеж дека не си добро. Тој одговор всушност сакаат да го слушнат. Зошто тие да се замараат со твои проблеми?
Секогаш очекуваат позитивен одговор и насмеано лице. Одговорот за нив треба да гласи: ‘Да, добро сум’. Не им ги раскажувај своите проблеми. Не ги интересираат. Тоа е за нив обично прашање без врска.
Оној кој вистински се грижи за тебе, ќе те погледне во очи, со внимание ќе го слушне одговорот, кој ќе препознае ако нешто не е ок и ќе ти даде разбирање, сочувство и потпора. Уво за слушање, а не само колку да се каже како си.
Ме прашуваш како сум и кога ќе ти кажам повторно плукаш по тоа. Те молам не ме прашувај повеќе како сум, јас сум добро, со тебе и без тебе. Да го прескокнеме тоа банално прашање.
Марина
Leave a Reply