На сите ни е позната изреката ‘Прави добро и со добро ќе ти се врати’, но секогаш тоа не е едноставно.
Понекогаш луѓето на нашето добро, враќаат со лошо. Секоја ситуација во животот мора да се разгледува поединечно и што е можно непристрасно. Некои луѓе навистина можат да испаднат непристојни и неблагодарни, но личноста која направи добра работа може да направи грешка, поради што ќе сноси последици.
Еднаш еден човек му раскажа на еден мудрец дека е најбогат во своето семејство, на сите им помага и ништо не бара од нив, а тие кон него покажуваат само неблагодарност и рамнодушност. Зборува дека секогаш се труди да им помогне на другите колку што може, но од нив добива иста реакција. Ретки се оние кои му се благодарни за она што направи за нив. Човекот помислува дека тоа што го прави не е можеби доблест.
Мудрцот на тоа одговорил: ‘Добра си ти личност, но запомни дека секој човек кој ќе го сретнеш во животот е твое огледало. Она што ќе го видиш во него всушност си ти. Што мислиш, што ќе се случи ако вратата од твојот дом ја отвориш ширум? Мислам дека се’ вредно ќе биде однесено, а некој дури и ќе се всели во мојата куќа. Токму тоа и го направи, ја отвори својата душа и им даде се’ на другите. Беше како врата отворена за сите. Тоа во ниту едни околности не треба да го направиш. Тоа е првата лекција која треба да ја научиш.
Знаете ли каква интересна особина има пупката?- го запраша мудрецот. Никогаш не ја видов пупката како се отвора, за мене е тоа мистерија.
Тоа се случува незабележително и без никаков застој. Се’ што ќе видам наутро кога ќе излезам во својот двор и ќе го погледнам своето цвеќе е веќе отворена пупка. Запомнете дека од плевелот нема спас, секогаш ќе го има, дури и покрај најубавиот цвет секогаш ќе има плевел.
Затоа ако видите дека личноста не е добра и љубезна, немојте да и’ се поклонувате и да и’ помагате. Плевелот не е дораснат за вас и нема да го цени вашиот мирис и вашата посебност. Игнорирајте ги и одете по својот пат.
Leave a Reply