Има и такви жени кои знаат дека мажот ги изневерува..и си молчат

Постојат жени кои се подготвени да одат против своите чувства и среќа за да живеат совршена љубовна приказна во совршена илузија.

Има такви жени кои се омажиле и сметаат дека тој брак е нивниот цел свет. Тие можеби имаат комплекси на пониска вредност, можеби немаат никој друг кој може да им помогне или едноставно мислат дека не можат сами да се снајдат. Има жени кои знаат дека нивните мажи ги изневеруваат.

Првиот пат тоа им го крши срцето. Огорчени се и ладни, но сепак сфаќаат дека мора да останат тука. Можеби тој ветува дека повеќе тоа никогаш нема да се повтори и дека тоа беше глупост и случајност. Можеби се присутни и деца и затоа има уште подобра причина жената да не си замине.

Поентата е дека многу лоши мажи играат токму на таа карта. Тие ќе се оженат за жена која им одговара, ќе добијат и деца и потоа си прават што сакаат. Таквите мажи можат сто пати да кажат дека се покаеле, но никогаш нема да се променат. Тоа е нивниот стил на живеење.

Жената која се наоѓа во таква ситуација треба да знае дека е ‘заглавена’. Но, постои и излез и не мора да остануваат со таков маж, кој ги повредува, поради никаква причина. Жената може сама се’ што ќе замисли, децата не ви се терет, ниту пак пропаднатиот брак.

Подобро е се’ да започнете од почеток како единка за себе, отколку да продолжите заеднички живот со некој кој ве повредил и ве каснал за срцето. Полесно е да продолжите понатаму од нула отколку да продолжите заеднички живот кој е рамен на нула. Биди жена која заслужува љубов и почитување, а не греотичка која трпи се’ што не сака.

Заборавете на сите оние соништа за кои на јаве сонувавте, за љубов засекогаш, за совршен брак…Оној момент кога мажот ве изневерил, вашиот брак е оштетен. Ако тој не ве почитувал вас и вашиот брак, ниту вие не треба толку да го почитувате.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: