Не разбирам како некои луѓе можат да најдат нешто позитивно во неверството и како неверството може позитивно да влијае на врската.
Единствена позитивна работа, по моето скромно мислење, е тоа што неверството ве тера да размислите за работите за кои до тогаш не сте размислувале. Ве тера да размислите дали е вредно да го трошите своето време на личноста која ве предаде и издаде.
Разбирам дека не е можно да натерате некој да ви биде верен против неговата волја бидејќи секоја личност има право на избор и има право да живее како што сака. Но, исто така таа личност која нема намера мора да биде верна на една личност, нема право да ве залажува.
Не е ретко мажот и жената да имаат многу убав и складен брак, но одвреме навреме и двајцата да имаат афера со други. Двете страни тоа го знаат и живеат така како што им одговара. Предавството не значи секогаш недостаток на љубов или потреба за разделување.
Многу парови на тој начин го надокнадуваат она што им недостасува во нивната врска и што нивниот партнер не може да им понуди. Еве еден интересен текст на мистикот Ошо за предавството.
‘Постои само едно предавство, а тоа е предавство на сопствениот живот. Нема друго. Ако продолжите да живеете со својата посесивна жена или мрчењето на љубоморниот маж без никаква љубов, ја уништувате својата животна прилика. Тогаш Бог ќе ви каже: ‘Ти дадов толку прилики да бидеш среќен. Зошто ги пропушти?’
Нема да ве праша кои гревови ги направивте, ќе ве праша кои прилики за среќа ги пропуштивте. Вие ќе бидете одговорни за нив. Ќе бидете одговорни само за оние прилики кои ви биле отворени и кои ги пропуштивте. Бидете си верни себеси. Тоа е едниствената верност која ви е потребна и се’ ќе биде во ред’.
Leave a Reply