Застанете и длабоко вдишете. Кога се’ ќе тргне однопаку, разни стратегии можат да ви помогнат помирно, поуспешно и со помалку отпор да ја совладате оваа ситуација.
Постојат моменти кога се чувствуваме како се’ да тргнало по ѓаволите и дека сме беспомошни.. Умот не е повеќе во состојба да ја контролира оваа ситуација, но токму таа перцепција треба да ја спречиме, за да не ја загрозиме својата благосостојба.
Ако се најдете во оваа ситуација, запомнете дека тоа е сосем нормално. Постојат периоди на ‘лоша среќа’ кога се’ ќе тргне наопаку, но тоа не се случува поради судбината или натприродните сили. Мозокот се фокусира на проблеми во тешки времиња и си дозволува себеси да биде заматен со хроничен песимизам, обидувајќи да го одбрани своето водство.
Многу луѓе преживеале и успешно се носеле со тешки и шокантни случувања. Искуство како губење на работа, напуштање на партнер, финансиски, па дури и здравствени проблеми се примери кои многумина лично ги познаваат и често се присутни во исто време.
Кога се’ ќе тргне по лошо, фразите како ‘мора да мислиш позитивно’ или ‘се’ ќе помине’ често не помагаат. Секоја личност на свој начин ги третира ударите на судбината и не може секоја ситуација да се реши со позитивен став.
Вистина е дека надежта и ставот се клучни аспекти, но често не се доволни. Кога разни неволји ќе се спојат и изгледа дека нема излез од оваа фаза на ‘лоша среќа’, потребни се соодветни ресурси и вештини за соочување со нив.
Сите ние од мали нозе треба да ги развиваме вештините како што е флексибилно размислување, решавање на проблемот и емоционално соочување. Бидејќи кога различни случувања ќе доведат до хаос и страв, потребно е да се вежба прибраност и да се пронајде решение.
Разочарување, лутина, тага, анксиозност и страв се негативно набиени, но исполнуваат специфични функции. Кога мириса на проблем, нормално е да се експериментира со тие чувства и да се чувствувате преплавени. Никој не може да ги поништи или поцени тие чувства, па дури ниту вие. Стресот не ве прави помалку способни, тоа е сосем нормална реакција на необични ситуации. Меѓутоа, не смеете да дозволите да ве владеат вашите чувства.
Пресвртот на судбината ќе го замаглат умот и што повеќе се препуштате, тоа повеќе негативни случки ќе доживеете. Мора да научите да управувате со своите емоции, за да можете да ги користите своите мисли за вас, а не против вас.
Најпрво мора да поставите приоритети. Можеби за тоа ќе ви треба помош. Тоа се луѓе на кои им верувате и можат прво да ви дадат утеха, помош, разбирање и да ве сослушаат. Ништо не делува така смирувачки како делење на стравови и грижи со другите, за да ги видите работите од друга перспектива. Ви треба нов начин на размислување. Мора да направите промени за да го решите предизвикот. Нема да најдете решение ако ги повторувате истите обрасци на однесување. Само флексибилен ум може правилно да управува со сложени предизвици, па потоа да го најдете вистинскиот пат.
Не заборавајте дека се’ во светот е на минување, па и тешките ситуации.
Leave a Reply