Ќе пукне така човек понекогаш…

Ќе пукне така човек понекогаш. Кога се’ ќе се собери, кога е премногу од се’, кога човекот сака да експлодира од премногу мисли, а душата од премногу грижи. Кога ќе се насоберат стравови. И ќе пукнеш. Ќе се исплачеш, се додека имаш солзи.

И мора да се смириш. Чекаш да помине. Си вариш чај. Си ја собараш силата, сите делови си ги составуваш и продолжуваш напред.

И има напред, може да биде уште подобро и убаво. Мора да може. Moра да постои некое место каде што можеш да бидеш понекогаш среќен и сигурен и каде што е топло.

Таму каде што мириса на мајчината гибаница и на лосионот после бричење на татко ти или на парфемот на сестра ти. Сега само испи го чајот, смири се и диши длабоко. Пополека. Се’ ќе биде добро.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: