Вечна потрага по вистинска љубов – дали има надеж за нас?

Те сакам, ама се сакам и себе пред се’. Затоа не дозволувам да ги преминуваш моите граници, да ја земаш мојата љубов, да се играш со неа и да ја валкаш..Љубовта е нешто свето, таа не ти припаѓа тебе и не е твоја играчка.

Колку пати се најдовте на другата страна на срцето? Било да сте оставени или да сте оставале? Колку пати чувствувавте истовремено и олеснување и жалење?

Чудно е како во еден милионити дел од секундата цела наша Вселена ќе се искрши и ќе се намести поинаку. Чудно е како некој, кој до вчера ти беше се’ на светот, за секунда ќе ти стане непријател. Не затоа што сакаш да војуваш, туку затоа што само земаат, а ти го гледаш свотое срце како ти се крши во рацете и сфаќаш дека повеќе немаш што да дадеш.

Ништо нема да биде од таа љубов, па денес одлучи да пресечеш. Те боли, некаде длабоко во себе се прашуваш како дојде до тоа? Како некој ‘сигурно’ твој, стана тотален странец? Сега не е ниту важно, имаш само обрврска да го заштитиш своето срце од страдање.

Бираш мир. Го кршиш срцето на половина. Оставаш дел од себе во таа приказна, со тој некој кој ти значеше се’ и кој те разбираше како никој друг и не се вртиш.

Бидејќи сакаш да градиш нешто поубаво. Сакаш да љубиш без задршка. И сакаш другата страна да престане да се плаши од емоциите и да престане да бега од нив.

Но, не можеш да црташ за да стане појасно. На оној кој при здрави очи се прави дека не гледа. Парадоксот се случува точно во моментот кога ќе одлучиш во себе да оставиш се’.. а другата страна никако не сака да биде оставена.

До вчера, некој кој не беше сигурен, кој не знаеше што сака, не беше подготвен, не знаеше дали сака врска или пријателсво или нешто сосем друго, само нему логично, ОДЕДНАШ знае што сака. Одеднаш сака да ти го даде цел свет. Одеднаш знае да сака. А ти стоиш, набљудуваш и не можеш назад. Бидејќи доаѓа САМО илјадници секунди подоцна.

Зошто е тоа така? Зошто луѓето ги земаат другите здраво за готово и ќе се сепнат кога ќе го изгубат некој кој им е важен?

Првенствено затоа што не се свесни за своите емоции, а не се свесни ниту за фактот дека апсолутно ништо не се подразбира. Не се свесни за своите зборови и постапки, често немарни какво е нивното дејство на луѓето околу нив.

И за жал, многумина ќе станат свесни дури откако некој ќе го турнат речиси на работ и ќе го остават. Но, парадоксот е секако во тоа дека е полесно да се обвини околината и другите луѓе, отколку да се позанимаваме со себе. Треба да се засучат ракавите и да се стигне до себе. Полесно е да се оди од однос во однос, да се хранат демоните, траумите и стравовите, отколку да се протумачите себеси, да се запознаете за да можете со некој да живеете преубава љубов.

Многу е полесно изгледа да се напишат коментари како никаде нема љубов, ниту пак партнери кои знаат да сакаат.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: