Кога онаа ‘Напорната’ ќе престане да ти се јавува или како мажите да ја научат лекцијата

Кај мажите една појава ме фасцинира, а тоа е уверувањето дека се незаменливи, дека светот на женита ќе застане, кога тие ќе изгубат интерес за нив или врската ќе се распадне. А потоа следи шок! Жената која некој тип ја шутнал на клупата за резерва, ќе прошета покрај него како покрај ‘турски гробишта’ и нема да се сврти..

Не, момци драги, додека вие како изгубени Германци ја барате вашата смисла, таа ‘шутнатата’ нема да седи дома и да вези гоблени со надеж дека еден ден ќе се сетиш на неа. Таа, сметај дека некаде е среќна. Го живее својот живот и веќе заборавила на тебе.

Жените во отсуство на мажи ќе се оладат. Тоа е неизбежно. Бидејќи животот оди понатаму, а и ние со него. Секоја од нас после некој лош, квази однос во обид, ќе се сети некогаш, некаде пред катастрофата, дека има хоби и интереси, желби и аспирации, семејство, пријатели и соништа. И кога ќе сфати дека од таа ваша очајна приказна нема да биде ништо, ќе ги избрише очите полни со солзи и ќе одлета во смерот на животот кој го посакува.

Да, ја имаше ама повеќе не. Ееееее..така ти е тоа.

Познато дечки? Знам дека звучи. Знам дека многу од вас се најдоа во таква ситуација, па се прашуваа што се случи? Како таа жена, која до вчера ти јадеше од рацете и беше полна со надеж, ја чекаше твојата порака и трепереше од среќа кога ќе се сетеше на неа, одеднаш станува жена која ја нема. Како тоа фраеру?

Затоа што се одбра себе. Својата среќа. А ти се зафркна. Зезнато чувство, ха?

Одеднаш не ти се допаѓа животот без неа, така? Бидејќи убаво ти беше, добра во кревет, секогаш го слуша твоето кукање како најдобар другар и чека ронка твое внимание како верно куче. И тогаш ‘преку ноќ’ се смени…Бидејќи тебе те нема.

Милион пати вети дека ќе дојдеш, ама не дојде. Дека ќе се јавиш, исто не се јави. Дека ќе и’ посветиш малку внимание, ниту тоа не ти текна. Во еден момент таа се умори од чекање, од ветување, од твоите приказни и од осаменоста. И додека ти се грижеше само за себе, за своите ‘комбинации’, таа стана од резервната клупа и чао-па па.

Одеднаш ништо не ѕвони. Никој ништо не те прашува. На никој не му е гајле дали те боли главата и дали ручаше. Никој не те прашува како спиеше

Ја бараш, не одговара. А беше поинаква, постојано ѕвонеше и беше досадна. Те гушеше. А сега сфаќаш дека беше забавна, интересна…но сега е предоцна.

Што можеш да направиш? Ништо пријателе. Само лекција за поразот и да се продолжи со животот. Жените ќе се оладат, опаметат, отрезнат или едноставно ќе се разбудат. Ќе им преседне некој тип кој не знае кој му ја носи главата и секогаш бира евтина возбуда пред квалитетен однос. Ќе им преседне чекање, лажно надевање и трошење на сопствениот живот и на некој идиот.

Ќе им преседне, но си го продолжуваат животот. Ќе свртат нов лист. Животот е кучка, а карма жената.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: