Те повреди. На милион начини на кои жената може да се повреди. Влезе во твојот свет, а не го ценеше. Го доби твоето време и го направи неважно. Тоа се претвори во чекање, надевање и на крајот твое жалење. Осаменоста во почетокот беше солена од солзи. Подоцна доби вкус на сознание. Во таа осаменост стана силна и самостојна. И тој повеќе не ти беше потребен.
Тоа почна да го лути, но ти негде по патот стана своја. Поинаква, позрела, посилна. Жена која ќе сака некој друг. Иако сеуште се плашиш од тоа сознание, знаеш дека е така. Знаеш дека тоа е прашање на ден кога случајно ќе сретнеш човек со кој ќе го поминеш животот. И знаеш дека тоа ќе биде љубов.
Не, не се занесувам. Не велам дека ова не беше твоја љубов, но одамна престана да биде. Остана заборавена, со лоши зборови, солзи и кавги и чекања. Ја пуштивте и двајцата да замине….и да, ќе си недостасувате. Ќе ве болат некои слики. И ќе копнеете по некои денови. За некои допири. Но, ќе сакате повторно, некои други луѓе и со нив ќе бидете посреќни.
Можеби ќе останете пријатели. Кој знае. Можеби ќе бидете само двјца луѓе кои некако длабоко се разбираат еден со друг. Повеќе не сте задоволни и не треперите од самата помисла на раздвоеност, како некогаш што треперевте. Се променивте. Поминавте дел од животниот пат заедно и многу научивте. За животот, еден за друг и за самите себе. И сега сте подготвени да продолжите понатаму.
Не велам дека ќе биде лесно. Не реков дека нема да ви недостасува. Не реков дека нема да посакате повторно да играте танго. Бидејќи некои нишки тешко се кинат. Некои навики тешко се бришат. Но, со тек на време ќе сфатите дека сте уморни од осаменост во пар.
Ќе сфатиш дека ти требаат бакнежи и гушкања, да се чувствуваш жива..ќе сфатиш дека ти треба љубов.
И тоа не е погрешно, не го изневери. Не го изневери ветувањето за љубов, бидејќи одамна престана да важи. Во оние моменти кога еден со друг толку многу се повредивте, што повеќе не можете заедно да го премостите тоа. Во моментот кога застанавте секој на својата страна на брегот.
Ако тоа ти прави тежина во градите и тоа е во ред. Никој не вели дека немаш чувства и дека ништо не те врзува. Никој не вели дека утре ќе трчаш во друга прегратка, но немој да се чудиш ако тој веќе љуби друга. И не го обвинувај поради тоа. Бидејќи ако вие двајцата одамна не се љубите…тогаш зошто да не се бара љубов во другите луѓе.
Не велам дека со тек на време нема да сфатите дека сеуште се сакате. И тоа е сосем можно…луѓето ќе се отуѓат и се враќаат повторно дома. Таму каде што го оставиле срцето. Само сега моментално не сте среќни заедно.
И треба да мислиш на себе. А тоа е најтешко, но и најубаво. И тоа е она што повторно ќе те направи среќна.
by Рита
Leave a Reply