Бившите се враќаат кога ќе престанете да ги чекате

Знаете кога ќе кажат: ‘Ако чини, ќе трае’, но исто така велат: ‘Ако сакаш, потруди се тоа да не го изгубиш’ – па во што треба да веруваме?

Ако се најдовте во ситуација во која страдате за бившиот партнер и сакате да го вратите, веројатно ќе се послужите со некои методи кои не само што не функционираат, туку лесно можат и да ве посрамотат. Како се одвива сценариото на една врска после раскинувањето? Жените стануваат кршливи после прекинот со човекот кои силно го сакаат.

Нејзиниот однос станува слаб, посебно ако е тој оној кој го иницираше раскинувањето. Тогаш жената преминува во очајнички режим во кој константно го моли мажот да се врати, го бара на телефон, постојано праќа пораки. Меѓутоа, таквиот пристап речиси никогаш ‘не пали’.

Зошто? Затоа што мажите во поголемиот број случаи се враќаат кога ќе сфатат дека изгубиле нешто вредно. А тоа нема да се случи ако забележат дека жената се однесува очајнички. Мажите обично се враќаат кога ќе забележат дека нивната бивша продолжи понатаму со својот живот без проблеми.

Исто така, силно ќе ги погоди кога ќе видат дека нивната бивша партнерка најде друг маж. Е, тогаш почнуваат да размислуваат дека можеби не е проблем во неа, туку во нив. Огорчувањето е уште посилно ако забележат дека новиот партнер е попривлечен, подобар, поситуиран.

Постојат мажи кои ја оставаат жената за да се чувствуваат посупериорно. Тие од неа очекуваат дека таа ќе го бара и ќе го моли за да се смират, бесконечно долго, бидејќи тие во тоа уживаат. Но, кога ќе забележат дека таа сепак продолжи напред со некој друг, не знаат како да се помират со тоа.

Ако веќе сте се довеле во ситуација некој да молите да остане во вашиот живот, знајте дека во старт грешите. Тоа исто така значи дека имате многу малку самопочит. Имајте на ум дека не вреди никој да молите за простување или да давате втора шанса, тоа е губење на време.

Сета енергија која ќе ја потрошите во молење и понижување треба да ја вложите во себе, својот напредок и своја иднина. Бидејќи ако е судено да се смирите, веќе ќе се најде шанса за тоа, а ако не- вие и понатаму имате своја иднина во која многу сте вложиле.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading