Депресија- агресија минус енергија

Агресија на животот и’ е многу поблиска отколку депресијата и копнежот. Затоа, кога прв пат ќе почувствувате голем бес, наплив на лутина која се пробива низ тагата -тоа е доволен знак дека во човекот се враќа енергијата и силата за живот.

Депресијата е болест на ‘добрите луѓе’ кои себеси не си дозволуваат да ги искусат ‘лошите чувства’. Сакаат да останат добри и несвесно се жртвуваат себеси, своето здравје, за да ја задржат и потиснат сета насобрана лутина во себе.

‘Подобро е да се биде лут отколку болен’ е многу прецизна дефиниција. Всушност, психосоматските болести се темелат на потисната агресија и сексуална желба.

Уморот, тагата, очајот депресивните епизоди, значат потиснување на чувствата, набиени во агресија. Тоа е агресија, која не доби право на постоење. За депресијата постои добра формула: ‘Депресија е агресија минус енергија’.

Разбирање, чекори, акции за промена на моменталната сосотојба доаѓаат после фазата на бес, лутина и омраза. После бура на емоции и ослободување на чувствата, човекот може да одлучи: ‘Што јас всушност посакувам?

Ако се обидувате тие ‘лоши’ чувства да ги спречите, тогаш се ‘обидувате’ да живеете или се преправате дека живеете без никаква сила за живот. Без чувства.

Ако низ тагата и јадот почнуваат да се појавуваат првите знаци на лутина и бес- тоа е голем знак дека на човекот му се враќа енергијата и силата за живот.

извор: econet.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d