Зошто привлекуваш лоши мажи: Во љубовта давате повеќе отколку што добивате

Често се прашувам зошто привлекувам токсични мажи, па живеам и такви врски? Ми се чини дека секој маж кој ќе го запознам е покрај мене само заради корист. После долго размислување , можеби следниве причини се повалидни и ќе ви користат и вам

  1. Премногу бев емпатична. Поради премногу разбирање и емпатија ги оправдував сите токсични постапки и однесување. Мојата љубезност допринесе другата страна да биде неблагодарна, па со самото тоа да не ги цени моите постапки. Мислам дека тоа ме направи погодна личност за искажување на партнерско незадоволство и доведување на себе во неповолна положба.
  2. Се дадов себе максимално во тој однос. Да се биде великодушен е убава особина, но понекогаш претерувањето знае да наштети. Си дозволив себеси работи кои не требаше. Бев подготвена да ги сослушам неговите потреби и проблеми, но тој моите не. Внимавав на туѓите чувства, приоритети, желби, а себе се запоставив. Немав јасна граница помеѓу несебичноста и искористувањето.
  3. Се обидов да направам измени. Имав желба да се обидам да го сменам својот партнер, но не ми успеа. Токсичните луѓе како да сакаат да живеат такви улоги. Покажав дека сум подготвена да помогнам, кој е тука и мислам дека тоа на токсичните партнери им одговара.. Добри сте за нивната самодоверба, ама не и тие за вашата.
  4. Умеев да сослушам. Токсичните луѓе сакаат да ги искажат своите потреби, проблеми и да бидат сослушани. Поради тоа ми веруваа и знааеја дека сум тука кога им е потребен разговор. Ги искажуваа само своите потешкотии и мислеа само на себе.
  5. Имав премногу разбирање и толеранција. Една сум од оние личности кои не сакаат да напаѓаат и да прават притисок. Не сакав многу да барам за да не бидам напорна. Токсичната личност тогаш умее да ги премине границите и поседувањето на таа толеранција да го сфати премногу слободно и со тоа така да се однесува.
  6. Останав во лош однос повеќе отколку што требаше. Моето трпение и претерано разбирање ме донесе до тоа. Можеби токму поради тоа имав висок праг на толеранција, останував подолго во токсичен однос. Самата себе се донесов во таква ситуација, но важно е да се сфати кога е границата и времето да прекинете таквиот однос..

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: