Не се плашете да ги изгубите оние кои не се плашат да ве изгубат вас

‘Не се плашете да ги изгубите оние кои не се плашат да ве изгубат вас. Што посветло горат мостовите зад вас, посветол ќе биде патот пред вас’ Оmar Khayyam

Понекогаш зборовите на мудрите луѓе можат да не’ поттикнат поинаку да гледаме на работите и поинаку да размислуваме за моменталната ситуација во која се наоѓаме. На пример, како да постапиме во ситуација кога саканата личност ќе не’ предаде?

Од една страна ќе ви речат добро да размислите пред да донесете одлука. Ако ве обземе чувство дека ниту сами не знаете што да правите, земете најдобро привремено решение. Не дозволувајте тоа чувство да ве обземе долго, бидејќи животот во недоумица и не е баш најдобар за нас. Како што кажавме на почеток, од големо значење можат да ни бидат зборовите на големите мудреци. Филозофи на антиката не добија туку така епитет на ‘големи’.

Во нивните зборови се концентрирани многу мудрости и знаење и тоа секако може да ни послужи. Некогаш се потребни само неколку редови, па мислењето во сложени ситуации да си го решиме.

Од мислата на Омар, правилото е едноставно. Не може да се продолжи вообичаената комуникација со оној кој ве предаде. Да му верувате и нормално да се однесувате значи да се дозволи на личноста повторно да ве користи. Исто така, што ако саканата личност не се плаши дека ќе ве изгуби? Постои едно правилно решение, а тоа е да верувате во себе, во својата судбина и да бидете смирени.

Стравот од осаменост е често замка во кои луѓето влегуваат. Исто така бидете свесни дека соочувањето со потешкотиите, не мора веднаш да биде и нужен прекин на односите. Ако се соочите со предавство, мора без страв да заземете свој став.

Постои можност личноста искрено да се покае, исто така ако направи повторно исто, тогаш паметно постапете и судбината ќе ве врати на вистинскиот пат. Најважно е да ја задржите верата во сопствениот живот и да продолжите да живеете. Едноставно, прифатете ја ситуацијата во која се наоѓате и не се стегајте со сопствените мисли.

Сменете го фокусот и поставете си контра прашање од она негативното кое себеси си го поставувате. Исчистете ги од лошите мисли, заборавете на лошите луѓе и задржете ја вербата во најдобро. Тоа е единствен начин без страв да зачекорите во живот без осаменост.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: