Самодовербата не ви гарантира добар маж, но ви овозможува да не го трпите лошиот

Дали некогаш сте се запрашале колку често се потпирате на себе и колку е тоа важно во животот на една жена?

Можете ли да кажете дека самодовербата во денешно време е најважна за жената неврзано за периодот на животот на кој му припаѓа, како се изборила со предизвиците кои и’ се наметнуваат? Исто така, дали самодовербата на жената во помала или поголема мера варира од фактот дека е сама или во нејзиниот живот постои маж?

Секако, не го намалуваме значењето на семејниот живот туку само правиме споредба, за да се обидеме да донесиме одредени заклучоци. Различното гледање на работите и начинот на размислување, можат да доведат до различни работи, типови, стереотипи.

Ако жената стане силна, кого ќе привлече?

Секако, може да постои можност остварена жена потешко да го најде својот идеален партнер, но исто така таа жена може да биде во однос и со наједноставен маж.

Всушност, независноста на жената не треба да има влијание. Вистината е иста, жената која има самодоверба има и повеќе можности. Кога имате работа, рутина, свои пари, пријатели итн, свесни сте за опциите ако дојде до одредени потешкотии во односите или животот, па затоа сте послободни и имате поголема самодоверба.

Можеби е поважно да се научиме дека самопочита се гради уште од тинејџерските денови. Затоа мора да работиме на себе, па да го пренесеме на децата. Исто така, да ги научиме дека своите тажни моменти треба да ги поминат пред се’ сами со себе, па со најблиските, па така да се дојде до одговор.

Самодовербата не и’ ја гарантира личната среќа на жената, туку нејзина сигурност и способност да управува со личниот живот. Исто така и отсуство на потребата друг да ја издржува.

Поради тоа, со постепени чекори работете на себе и на својата самодоверба, научете да бидете среќни и кога не е се’ онака како што сте замислиле, бидејќи токму со работа и подготвеност треба да се изборите со одредени ситуации и да добивате на вашата самодоверба.

Мажите исто така можат да ве придружуваат во животот, ќе бидат горди на својата самоуверена жена, а оние кои не се во можност тоа да го направат не се за вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: