Не сте мрзливи, ниту егоцентрични. Вие сте човек. А секој човек понекогаш ќе доживее болка, напад на незадоволство и несреќа. Понекогаш постои причина за тоа, а понекогаш не. Но, се’ што треба да запомните е дека сте човек и не сте виновни што се чувствувате така.
Тоа е така исцрпувачки, зарем не? Како темен чад кој го исполнува целото тело и ве носи до таму што се прашувате дали некогаш ќе се чувствувате нормално. Понекогаш тоа трае еден ден. Понекогаш два. Понекогаш е тоа лош месец или лоша година.
Понекогаш е тоа затоа што некој ви го скрши срцето. Понекогаш затоа што е зима и ноќе е цело време. Понекогаш затоа што пријателите тргнале со кариерата напред и нижат успеси а вие тапкате во место и сакате да бидете среќни поради нив, но наместо тоа чувствувате паника и самите за себе имате уште полошо мислење, бидејќи каква сте вие личност ако можете да не бидете среќни поради среќата на својот пријател?
Но, без оглед дали е тоа поради успехот на вашиот пријател или поради сопственото скршено срце или едноставно без причина- и трае еден ден или цела година, вие не сте првата личност која така се чувствува, а нема да бидете ниту последна.
Можам да ви напишам попис или водич за она што треба да направите како да престанете да бидете несреќни. Но, јас тоа не сакам, бидејќи тоа не е принцип на кој несреќата функционира.
Сигурно постојат работи кои можете да ги направите за да се обидете деновите да ги направите поубави и да најдете начин да ја држите главата над ‘водата’ додека не успеете да излезете од дупката.
Но, нема трик кој едноставно ќе ви ја реши несреќата.
Но, во меѓувреме можете само да бидете пољубезни кон себе. Тоа значи да правите се’ што е во ваша моќ да се чувствуватте пријатно и здраво- доволно да спиете, да се одмарате, да одите на прошетка, правилно да се храните, да се потпрете на најблиските кога работите ќе станат навистина тешки.
Но, да се биде добар кон себе, посебно кога сте несреќни, исто така значи да се биде строг кон себе. Да се одбие гушење во јад. Да станете од кревет и да се подготвите за работа, без оглед на тоа колку е ладно или темно надвор или колку тажно се чувствувате одвнатре.
Да се натерате на вежбање, дури и ако е тоа последната работа која сакате да ја направите, дури и ако тоа значи да одите на отворено барем 20 минути.
Да ја прифатите понудата на пријателите да го поминете времето со нив, дури и ако сакате да легнете и да не мрдате покриени со јорганот- бидејќи знаете длабоко во себе, без оглед на она што го чувствувате, она што навистина ви треба е друштво на луѓето кои ве сакаат.
Мора да ги направите сите овие работи, овие тешки работи, кога сте несреќни. Мора да бидете силни, мора да водите грижа за себе. Мора да им кажете на сите дека сте јаки, повеќе пати, секој ден, иако не верувате во тоа. Мора да продолжите да се движите напред , мора да продолжите.
Луѓето кои успеале да се извлечат од тие мрачни времиња, не биле подобри од вас или посилни или помалку оптеретени од вас. Се чувствувале слаби и биле тажни- токму како вие. Но, тие продолжиле да одат напред.
Најмногу од се’, мора да се сетите дека не сте сами- и тоа е токму тоа што ве поврзува со секоја личност на овој свет.
Сузана
Leave a Reply