Знам што значи да се сакаш себеси. Тоа значи наутро да се будам повеќе не размислувајќи како на светот постои некој посреќен, поубав, попаметен, помудар и подобар од мене. Тоа значи да се гледам во огледало и не сакам да го тргнам погледот од својот одраз. Му верувам него. Воопшто не е важно дали сум нашминкана или не, ниту во какво сум расположение. Едноставно му верувам на она што блеска и гори во моето срце.
Знам што значи да се сакаш себеси. Не чекам повеќе на некои случувања, состаноци, прилики, родендени, прослави, викенди… Не чекам љубов и внимание! Си дозволувам себеси да бидам среќна денес, сега. Ги гледам минувачите право во очи, не го спуштам погледот на валканиот асфалт. Знам дека светот околу мене е прекрасен, како што беше одамна.
Знам што значи да се сакаш себеси. Се радувам на секој успех на блиските, далечните, оние кои си заминаа и заборавените. Се радувам што живеат, дишат, создаваат, што успеваат и нешто постигнуваат. Затоа што нивниот успех ниту најмалку не го намалува овој пламен во мене.
Од тоа не станувам помалку прекрасна, не станувам помалку сакана и заштитена. Затао што во мене постои длабочина во која има место и за нивниот успех.
Способна сум да бидам дел од нивната радост и со цело свое битите сфаќам дека секој нивен успех е исти така успех и радост на целиот свет- што значи дека е како и цел свет, нивниот успех дел од мене.
Знам што значи да се сакаш себе. Не се жалам повеќе на животот. Ги сакам дури и проблемите. Ја дочекувам секоја препрека со насмевка и смисла за хумор, сфаќајќи дека од неа расте силата и трпението.
Ја обожавам земјата, градот и улицата во која живеам. Го обожавам погледот од прозорецот, минувачите. Дури и такви, депресивни. Бидејќи и тие еден ден сигурно ќе научат што значи да се сакаш себеси.
Leave a Reply