Кога мажот, кој го запознав само 5 минути претходно ми рече: ‘Еј, јас сум машко и треба сериоазно да ме сфатиш’!, најпрво се шокирав од муабетот, а потоа силно се насмеав.
Кога на втор поглед видов дека е тој смртно сериозен, јасно ми беше дека си ја упропастив својата шанса за романса. Се запрашав како требаше јас да реагирам на таа негова игра на авторитет. Дали требаше видно да се потресам од силна возбуда и треп-треп да кажам: ‘Да драги, моето внимание во потполност тебе ти е посветено’ или нежно да го погалам по главата, во стилот ‘мама е тука, не се секирај’.
Во секој случај, јасно ми беше дека пред мене стои детенце, кој е центар на светот на ‘мајка си’ и очајнички се обидува да го задржи ‘нејзиното’ внимание. Нели тоа го прават сите, без оглед колку години имаат?!
Моето искуство покажува дека постои една личност која е сеприсутна во животот на мажот. Тоа е неговата мајка. Што побргу тоа го сфатиме и прифатиме, тоа е подобро за нас. Најверојатно дека мажите цел живот се во потрага по мајка. Онаа која ја имаат или пак, онаа која никогаш ја немаат. Се’ што им е потребно е субститут на мајчинска љубов. Што побргу тоа го сфатиме и дадеме љубов, тоа имаме подобра шанса за романса.
Сето тоа не’ носи до заклучок дека мажите со својата полна зрелост го достигнуваат врвот на својата емотивна зрелост. Тоа е некаде 16 години. Што направи мама до тогаш, направи. Директен продукт на нејзината вештина на воспитување ја добиваме од прва рака. Секое понатамошно преобликување не е можно, а со тоа ниту препорачливо. Подобро не удирајте со главата во ѕид, тоа е што е. Или го сакате она што мајката го направи или откажете се веднаш. Што може една мајка да упропасти, тоа жената не може да исправи.
А што е со мајките и синовите? Дали некогаш ќе најдат начин да се одврзат? Или никогаш нема да го посакаат тоа, туку својот совршен маж љубоморно го чуваат само за себе?
Жана Каролија
Leave a Reply