Водич за мажите на кои им е непријатно да им приоѓаат на жените

Нема да верувате, но поголем број мажи, згодни, способни, паметни имаат проблем кога треба да им приоѓаат на жените, па најчесто се откажуваат од тоа.

Како најчеста причина е стравот од одбивање. ‘Не знам што да кажам, ќе испаднам глуп’ е најчестиот коментар.

Драги мажи, еве важна информација за вас од прва рака- знајте дека од другата страна на кафулето, ресторанот, стојат жени кои се фрустрирани со тоа што излегуваат некој да запознаат и се враќаат дома без ‘ништо’. И да биде работата уште полоша, тоа се однесува на сите возрасти и години.

Но, најважно е да знаете дека не се сите жени кучки (како таа една) и на жените исто така им е непријатно и се чувствуваат несигурни. Поголем број на жени нема брутално да ве одбијат. Ако тоа и го направат, такви сигурно не сакате. Дел од луѓето автоматски во себе ја бараат грешката, си го префрлуваат на себе неуспехот, се прашуваат што не им чини и вината е уште поголема. Кога некој друг е лош кон нив, веруваат дека е тоа така затоа што имаат некоја мана. Не им паѓа на памет дека проблемот може да биде и во другата личност или проблемот да е само во другата личност. Вратете ја одговорноста таму каде што му е местото.

Многу мажи кои се срамат да им пријдат на жените, најчесто ќе речат: ‘Јас немам што да и’ понудам’..А дали е тоа вистина? А зошто тогаш пријателите ве сакаат и зошто сакаат да го минуваат времето со вас? Мора прво да почнете да се карате со самите себе, за да можете да им се допаднете на другите. Моето прашање е: ‘Дали ќе излезете со себе на состанок?’

Ако не заземете проактивна улога, туку пасивна, ќе почнете да привлекувате жени кои ги прогонуваат мажите, па е многу можно дека ќе ја завршите врската со доминантна жена. Вежбата го прави мајсторот. Социјалните вештини не се црти на личноста, туку вештини, што значи дека се учат. Ако треба, гуглајте и учете. Интровертност е карактеристика на личноста, а не да се биде ‘социјално чуден’.

Ако сте личност која има превисоки очекувања од себе или се осудувате за најмала грешка, ќе привлечете личност која е претерано критична кон другите, па и таа ќе ве осудува. Научете да се почитувате себеси повеќе.

Вљубувањето ионака има малку врска со изгледот или карактеристиките кои се покажуваат на површина. Ако на некој не му се допаѓате и личноста ќе ви каже ‘Тоа не е тоа’, ‘Едноставно нема хемија’- тоа најчесто нема врска со вашиот изглед или со тоа колку ‘чините или не’. Тоа има врска со несвесни процеси на вљубување, нашето детство и родителите.

Најголемиот страв од сите стравови е стравот од отфрлање. Зад него се крие страв од осаменост, срам ‘со мене нешто не е во ред кога ме отфрлуваат’. Овој страв е архаичен, уште од времето кога бевме деца, бидејќи детето е беспомошно, не може да преживее без родителска љубов.

Тој наш drive е жив и силен во текот на цел живот. Кај возрасните се претвора во потреба да сме прифатени такви какви што сме, повеќе или помалку на сите ни треба потврда од другите. Посебно кога немаме доволно изграден став кои сме и што сме. Тогаш кога не сакаме доволно и кога не се почитуваме самите себе, живееме од туѓо мислење. Секако дека приоѓањето на друга личност нема поголемо значење од она што навистина е.

Некогаш во својата глава ќе ја надуваме важноста на другата личност и така себеси си ја одземаме личната моќ. Кога и да се почувствувате инфериорно, слабо, несигурно- знајте дека на другите му дадовте премногу моќ, а себеси си ја одзедовте.

Запрашајте се: ‘Што е најлошо што може да се случи? Потоа, замислете ја ситуацијата и проверите: ‘Дали јас можам тоа да го преживеам’?

Со визуализација го кондиционираме својот мозок на нови однесувања. Со замислување на ситуации, буквално учиме поинакво и конструктивно однесување. Визуализирајте добар исход и опуштен себе како и’ приоѓате на жена и начини на кои посакувате да разговарате со неа. Вежбајте една иста визуализација секој ден и така ќе си го извежбате умот.

Ирена

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: