Зборовите не’ разголуваат, а молчењето само со солзите добро оди..

Кога бев девојче за мене често зборуваа дека сум ‘златна’. Бев молчелива, а тоа се сметаше за доблест која се мереше со злато.

А кога тивката вода го срона брегот и кога пораснав, молчењето стана одлична стилска вежба на трпение и сила. Но, не издржав до крај. Ме предаде нетрпението. Сега за мене воглавно велат дека јазикот ми е побрз од умот. Сеедно, мислам дека сепак сум доволно силна, бидејќи молчењето некогаш може да биде знак на мудрост и издржливост, но често знае и да ги покрие длабоките корени на незнаење и немање на вистински одговор. неретко и лага!

Посебно кога нешто важно се случува. Тогаш молчењето може да се протумачи како голем кукавичлук. Интересно иритантен факт е дека молчењето многу ретко се случува во тишина. Обично е многу ‘гласно’ и затоа преставува најголема агресија од сите. Ако знаеме дека изворот на секоја агресија е стравот, тогаш е сосем јасно до што доаѓаме- до страв од соочување со сопствените емоции. А најлесно пред него можеме да се тргнеме и да замолчиме.

Од страв да не згрешиме, се определуваме за молчење. Тоа не’ носи до оддалечувања кое значајно ни ја намалува шансата за надминување на несогласувањето, бидејќи молчењето така лесно може погрешно да се протумачи.

Единствено полозгав терен е зборување во шифри. Тоа е она ‘кога знам дека веруваш дека разбра што кажав, но не сум сигурна дека она што слушна не е она што мислев’. Најголем проблем е во тоа што учесниците во зборувањето во шифри, многу ретко имаат ист шифрарник пред себе на располагање за дешифирање на остри и паклено саркастични зборови, мисли и изјави на оној другиот. А секоја следна е поголем бисер од предходната искажана. И што се случува?

Така изнервирани, растргани, посрамени, оголени до сопствената бесрамна глупост, доаѓаме до нивото ‘вадење’. Кој е виновен и кој зошто тоа го кажа бла бла..

Ова кукавичка игра многу лесно може да стане neverending sory ако не се опаметиме и не превземеме неколку основни чекори во взаемната комуникација коа не’ носи до среќен заеднички живот. Несреќата да биде поголема, од самиот почеток знаеме дека основата на добриот однос е отворена, искрена, двосмерна комуникација преку која се соочуваме со сопствените стрвови, расчелнувајќи ги, правејќи се’ за да исчезнат.

Но, ѓаволот не спие. Сите ги имаме своите слабости или барем лоши денови кога стравот ќе не’ сопне. Трагедијата не е ако паднеме, туку ако не се обидеме да станеме. Несогласувањата можат да бидат стимулативни. Со нив започнува прогресот на општеството.

Затоа расчистете ги несогласувањата пред да дојдете до точка да ја потврдите тезата дека сите големи љубови завршуваат со несогласувања. Љубовта подразбира незамислива комбинација на разбирање и неразбирање.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: