Комплекс на спасител- Дали често му помагате на својот партнер?

Јасно е дека треба да им се прави добро на луѓето, но и тоа добро има свои граници. Секое уверување и став за животот, може да биде и добар за нас, но исто така и погубен, зависи до која граница одиме и дали се занемаруваме себеси. Тоа е комплекс на спасител.

Што е всушност тоа? Комплекс на спасител е вкоренет во нашето колективно несвесно како една врста на архетип, психолошко генско наследство, која во зависност од условите на растење, се развива во поголема или помала мера. Спасител е личност која сака да се грижи за другите, преплавена често со желба да помогне и секогаш да им биде достапна на луѓето во криза.

Спасителите често покажуваат доста емпатија за луѓе во неволја и често претерано се вклучени во нивните животи. Најчесто не сакаат некоја врста на награда, туку само делото е за нив доволна награда. Ги запоставуваат своите потреби и потребите на другите ги ставаат на прво место.

Ова е всушност, несвесно дејство кое често ги штити од занимавање со себе и сопственото неприфаќање или болна содржина. Многу често можат да станат жртви на манипулативна или нарцистичка структура. Во врска, нивните партнери се нивни проекти. Речиси по правило, постои нешто што сакаат кај своите партнери да ‘поправаат’.

Не е ретко нивните партнери да се личности кои имаат извесни проблеми во прилагодувањето, проблеми со злоупотреба на наркотици или емоционалната регулација. Спасителите се исклучителна поддршка на овие структури на личноста.

Кон своите партнери најчесто се однесуваат како кон деца- истовремено имаат централна фигура во нивните животи, а им ја одземаат моќта на зрели, возрасни и одговорни личности за своите постапки. Во склад со ова, често размислуваат дека партнерите без нив нема да опстанат и покрај нив можат да бидат многу испитувачки и полни со контрола настроени. Не ретко ја превземаат финансиската одговорност за партнерот, па дури и нивните овбрски.

Овие две уверувања најчесто се суштински нелогични. Пред се’, малку се ситуации во кои луѓето навистина не можат да опстанат сами. Сите имаме инстикт на преживување и како што историски видовме, луѓето можат да опстанат и во концентрациони логори, на пуст остров, самици, на улици и во многу други животни ситуации.

Освестете ги малку ситуациите во кои сте им на услуга на другите. Што ви дава, а што ви црпи енергија? И имајте трпение, но овој пат за себе. Верувајте, почитувањето и љубовта на другите ќе ги добиете ако се почитувате себеси.

Зошто? Од проста причина што ако сте сигурни во себе, се освестивте себеси и своите квалитети, знаете кои сте. А луѓето најповеќе ги почитуваат оние кои знаат со себе, бидејќи е тоа знак дека поседуваат стабилност и знаат каде одат, а убаво е да се биде во опкружување на некој или со некој кој знае каде оди. Кога имате граници и знаете кои сте, љубовта станува полна и светот е поинаков околу вас.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: