Само Seen или подобро- третман со молчење

Кога ќе му испратите на некој порака и ќе видите seen или прегледано, очекувате одговор, но тој не пристигнува. Или ќе видите дека е некој online ама само за вас не е. Одговорите секогаш ги добивате после подолго време, бидејќи сте прогласени како досадни или некој што е многу напорен..

Третманот со молчење во односите е најмоќното оружје за нарушување на нечиј идентитет и суптилна контрола. Тој некој не мора ништо да прави, но сепак управува со вас. Едноставен е и одговорот на прашањето- Зошто?- поради законот на целина, нашата потреба да го завршиме незавршеното.

Тишината преставува прикриена казна која цели да направи одредена промена, без тој некој да зборува или прави. Молчењето преставува начин да се изврши комплетирање на нешто што во психологијата се нарекува ерозија на идентитетот. Тоа е последна фаза за стекнување на контрола над некоја личност, која почнува со слабеење на нечии граници, сосем постепено, од мали услуги до се’ поголеми, каде се програмирате да заслужите некоја љубов која ви се дава на лајче.

За ова да успее, се’ се одвива во циклуси добро- лошо и што е најважно постепено, за да може практично цел ваш идентитет да се сруши за да не можете подоцна да размислувате за вашите потреби, туку исклучиво за туѓите. Што сте повеќе организирана личност и перфекционистички настроени, тоа процесот подобро ќе успева, бидејќи постојано ќе имате желба да постигнувате повеќе, подобро да креирате хармонија. Затоа е важно да имате граници.

Важно е да знаете дека манипулацијата за некој преставува еден вид на адаптација на животот.

Моментот кога ќе почнете да се сомневате во себе, иако суштински знаете дека нема зошто и ги поставувате работите како другите да се повредни од вас, тоа е момент кога на некој друг му дадовте моќ над вашиот живот. Тоа е момент кога премолчавте и се согласивте некој да ви ја црпи енергијата од вас и самите себе да се поставивте на место број два.

Молчењето всушност преставува една брутална форма на психичко злоставување.

О, да…молчењето еднакво боли како тупаница. Затоа третманот со молчење е најсуптилна форма на манипулација и програмирање на нечија личност во заслужување на љубов. Во односот кој е веќе поставен по малку зависнички, што всушност е секој токсичен однос, молчењето е казна за нешто што не смеевте да го искажете и кога ќе ви биде простено, ќе ви биде јасно што е она што смеете или не смеете понатаму да правите. А извесно дека ќе биде простено, бидејќи вакви односи се случуваат во циклуси топло-ладно и тоа е она што ја сочинува нивната основна динамика.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: