Ти си она што се чита помеѓу редови…никаде напишано, а секаде присутно.

…Има зборови кои полесно ми минуваат низ прстите, отколку низ усните. Го собирам последниот атом сила да го стиснам срцево…да ги надвладеам солзите. Сè уште ме боли твојот дел од мојата душа. Таму каде што ти застана на половина мисла…јас замолчив на половина збор. Те нема во ниту една моја приказна…живееш во секоја моја тишина.

Како да те раскажам? Со песните кои не ги слушам? Или со сликите за кои немам храброст да ги избришам?

Ти ми остана должен ветувања…неисполнети. На мојата животна линија ти си белег, јас сум само боја во твојот животен портрет. Една од многуте…

Внимателно го бирав секој збор, да не те повредам, а секоја моја мисла за тебе крвари.

Име кое не го изговарам гласно…а ечи во душава..

Како да те раскажам?

Разочарување…лекција…”не било судено”?

Се вклопуваш секаде а не припаѓаш никаде…

Колку пати заради тебе се погледнав во огледало со насолзени очи…никогаш доволна. Ти си она што се чита измеѓу редови…никаде напишано, а секаде присутно.

Премалку те имав за да болиш толку. Ти си оној кому му ја подарувам мојата тишина. Ти си местото на кое заминувам и кога сум тука. Ти си моето “ништо не ми е”. Тебе не можам да те раскажам…ти си сè и ништо. Нашата приказна е испишана на твојата кожа со моите усни…

Росана

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: