Овен
Драги Овнови, во овој месец се случуваат промени кои се многу позитивни па нема потреба да се грижите. Некои ризични денови има околу 16.05 кога е помрачувањето на Месечината во вашето осмо поле на трансформација и длабока посвест, што може да предизвика некои стравови. Затоа бидете трпеливи. Емотивно можете да забележите дека вашиот партнер повеќе ви подарува внимание. Слободните може да имаат интересно познанство кое може да биде и сериозна врска. Повеќе одмарајте.
Бик
Драги Бикови, овој период е вашиот најдобар годишен период каде ви се насмевнуваат промени. Иако помрачувањето на Сонцето беше во вашиот знак и ви ги разниша семејните односи, сега нарушувањето може да се случи во соседството, а кога сообраќајот е во прашање треба да бидете внимателни. Некои врски и бракови можат да бидат на клацкалица посебно ако не функционираат веќе некое време и може да дојде до разделби. Можни се некои прекинувања или конфликти со бизнис партнерите, а ако настапувате во јавност бидете внимателни. Некои Бикови можат да го раздвижат на почетокот на месецот својот духовен развој и да направат некоја бизнис пауза. Чувајте си го здравјето.
Близнаци
Мај може да има добра перспектива, па може да дојде до позитивна промена во текот на месец мај и јуни ако работите на себе. Менувајте се, направете се’ што зависи од вас и не се двоумете кога се промените во прашање. Имате наклонети ѕвезди во текот на цел месец. Верувајте во своите потези без проверка со другите луѓе. Вашиот владател Меркур тргнува ретроградно па може да ви донесе некои дилеми или застој. Потребно е да бидете внимателни во прометот и комуникациите и договорите. Ако настапи финансиска криза не се грижете се’ бргу се враќа во нормала. Осамените личности можат да им пријдат први на личноста која им се допаѓа. Чувајте го срцето и крвните садови, не се плашете бидејќи се’ бргу ќе помине.
Рак
За Раковите овој месец значи напредок за многу работи, дури и за оние кои изгледаа невозможни за реализација. Дури ниту семејството нема да има примедба што не им посветувате повеќе внимание. На почетокот на месецот можна е финансиска криза, која ќе се реши со помош на партнерот. Пред крајот на Месецот треба да се потпрете на својата интуиција кога се во прашање пари и трошоци. Пожелно е да не очекувате многу од себе и другите ниту да поставувате нереални цели. Многу Ракови ја насочуваат својата енергија на кариерата.
Лав
Драги Лавови, на вас силно ќе влијае помрачувањето на Сонцето на 30 април што може да донесе турбуленција во кариерата. Мај, енергетски ве турка да држите нагласување на кариерата. Многу Лавови сега можат да се истакнуваат на работа и да бидат успешни.. Можни се несогласувања со семејството и роднините од финансиска природа. Внимавајте на здравјето. Можни се здравствени проблеми. Опуштајте се повеќе.
Девица
Вашиот владател ќе тргне ретроградно и ќе ви донесе сомнеж во себе и своите способности, потсетете се дека тоа не е точно. Напредок е пред вас кога е работата во прашање, посебно во последниот квартал на месецот. Можно е да дојде до некои пресврти во пријателствата. Треба се’ да заштитите во својот лаптоп или да направите копија. Не планирајте многу за иднината, уживајте во моментот со насмевка на лицето.
Вага
Мај ќе ви донесе промена во љубовта. Цел месец ќе биде посветен на љубовта и социјалниот живот. Внимавајте на своите финансии. Можно е сега да ги преиспитате трансакциите на пари, посебно ако сте родител, бидејќи може да има драми со детето. Некои ваги ќе го преуредуваат својот дом, па ќе се појават поголеми трошоци. Некои Ваги ќе имаат чувство дека ништо не им оди од рака, но потрудете се да не губите надеж, бидејќи со труд можете се’ да постигнете.
Шкорпија
Кај вас се случуваат многу промени на работно и здравствено поле. Имате многу можности на работа и некоја заработка на стара слава. Некои Шкорпии кои кои имаат врска со здравство покрај својата работа можат да работат и на друго место како помош, што ви носи добар хонорар. Важно е да верувате на својата интуиција кога парите се во прашање за да не се случи на крајот на месецот да ви фалат пари. Емотивно ситуацијата може да биде многу нестабилна, но сепак вие уживајте во љубовта и авантурите. Сите односи општо сега можат да бидат преиспитани – со роднините, пријателите, партнерот и колегите. Здравјето е многу добро, но сепак одмарајте се во природа.
Стрелец
Многу стрелци можат да бидат повеќе креативни, повеќе да се забавуваат и да се вљубат. Динамичниот љубовен живот во текот на мај сепак може да донесе несогласувања, бидејќи Меркур тргнува ретроградно од 10.05 и треба да обрнете внимание. Можете да договарате љубовни сосотаноци, но ништо сериозно, па не се препорачува ни влегување во врска или склопување на брак. Во овој период ќе размислувате повеќе за своите финансии. Повеќе движете се во природа.
Јарец
Во овој месец ќе се случат пресврти во семејството или кариерата. Голем фокус е нагласен кога е во прашање здравјето. Бидете внимателни. Многу анализи можат да бидат погрешни, па ако треба да направите некоја итна интервенција тоа не можете да го одложите, а се’ друго поместете го за 2 јуни. Не се препорачува да започнувате работи пред да ги завршите старите заостанати. Не е потребно да се занимавате со ситници туку да верувате во себе и да тргнете кон целта свесни за своите можности.
Водолија
Време е за патувања. Комуникација, промет, трговија, се’ ќе ви се случи во овој перод, затоа не се жалете. После 16. 05 можни се компликации на работа или со еден родител. Некои ќе го сменат своето работно место. Некои Водолии можат да почувствуваат некоја непријатност кога е здравјето во прашање, но сепак не се грижете, се’ ќе биде добро.
Риби
Драги Риби, кај вас се раздвижува второто поле на финансии, бидејќи Венера, Јупитер и Марс влегуваат во Овен па добро размислете за своите финансии и кариера. Некои Риби сфаќаат колку им е заработката поважна од некои позиции па можат да се фокусираат на размислување во кој правец да тргнат. Можни се промени во некои пријателства, некое несогласување, заладување во односите и кавги. Дефинитивно лажните пријатели немаат место во вашиот живот. Посветете им се само на проектите кои можат да ви дадат одлични резултати.
Leave a Reply