Универзумот функционира по одредени закони, а еден од нив е законот на давање. Законот на давање гласи: ‘Што повеќе давате, повеќе ќе добивате за возврат’. На тој начин се поддржува размената на енергии во Универзумот и се зголемува законот за изобилство. Законот на давање функционира –ако сакате нешто да добиете, мора прво да подарите.
Ако на пример, сакате да ја привлечете љубовта на својот живот, делете ја својата љубов на другите луѓе. Ако сакате да имате повеќе пари, помогнете им на другите луѓе да ги добијат или подарете пари на оние на кои им е потребен. Така вашиот ум ќе мисли дека ако давате вие веќе имате она што ви треба, ќе почнете да се трансформирате и да привлекувате она што сакате.
Меѓутоа, за да функционира овој закон, важно е да се придржувате на одредени правила. Кога нешто давате мора да дадете од срце. Важно е дека намерата ви е чиста. Ако чувствувате дека губите или жалите за она што давате, тогаш размената на потребната енергија ќе се блокира и ништо добро нема да ве врати назад.
Затоа ако сакате нешто да добиете не размислувајте за тоа во моментот кога давате. Наместо тоа давајте, бидејќи чувствувате дека е тоа исправно. За да се активира законот на давање, важно е да се научите на благодарност. Бидете благодарни на се’ што универзумот ви дава и бидете благодарни на се’ што имате.
Исто така е многу важно, она што му го давате на другите да биде искрено и од срце или не давајте ништо. Ако некој направил некоја убава работа, заблагодарете и’ се на таа личност. Тогаш Универзумот ќе покаже љубезност кон вас и ќе ви испрати она што сакате. Запомнете, ако давате искрено и од срце, се’ ќе ви се врати три пати повеќе.
Leave a Reply