Беше тоа само флерт и повеќе не е тоа- тоа. Нема пораки, исчезна, крај

Што се случува така одеднаш со некој со кој до вчера беше напнато, искри на сите страни и пораки кои стигнуваа со брзина на светлината? Одеднаш само Ништо. Има безброј прашања над главата, гледате во мобилниот, се надевате, чекате, се прашувате ‘дали нешто се случило?’ но времето поминува, деновите си одат, месеците…одговор никаде нема.

Знам ќе звучи ладно и надмено од мене, но едноставно- се случува. И не е крај на светот! Би сакала луѓето околу нас да се позрели, почовечни, за да можат на некој да му кажат- ‘Види, жал ми е, но тоа повеќе не е тоа. Или- ‘Ми се допаѓа некој нов’. Или- ‘Не знам што ама ми треба малку време да размислам што сакам’.

Но, не прават така. Некои не знаат како, полесно им е да испарат, а другите сметаат дека не се должни да се оправдуваат на некој со кој малку флертувале.

Само малку флертувале!?!? Како тоа мислиш? Мислам дека луѓето премногу сериозно го сфаќаат флертот, бидејќи тој може но и не мора да води кон некоја подлабока приказна. Може да биде некој разговор, шегување со пораки или излегување навечер. И искрата може да исчезне, едноставно и во моментот токму како што се случила.

Секако, таа магија на желбата за некој, интриги и страст можат да траат со години. Можеш многу да посакуваш, сакаш, да изгориш, но во моментот можеш и да престанеш. Понекогаш е тоа затоа што луѓето сакаат да ги занемарат своите партнери или пак, луѓето кои им се интересни, да ги држат на јаже со она ‘ топло- ладно’ моменти со кои ја одржуваат искрата жива.

Можеш да се умориш. Можеш некој да го прочиташ, можеш да го доживееш во некој свет и паф, магијата да исчезне. Тоа е слично и кај жените и кај мажите, но нијанси постојат.

Жените точно знаат зошто се оладиле, мажот и за драга и добра девојка ќе каже ‘тоа едноставно не е тоа’. Многу жени не ја преминуваат таа фаза на фасцинација со некој, па со месеци и години само мислат дека некој го сакаат, а всушност заглавуваат во токсичен полуоднос, и не им е јасно, како некој кој на почеток бил толку со нив занесен, сега не праќа порака? Бидејќи на тој некој, му беше флерт. Можеше да прерасне во нешто повеќе, ама ете не.

Понекогаш, можеби жените се во право кога ќе речат дека тој има некоја емоција, но тој, од само за него позната причина носи одлука дека нема во тој однос да вложува. И зборот ‘врска’ никогаш не ни ја спомнал.

Можеби не е сигурен. Можеби тоа не се вклопува во неговата визија на совршена партнерка, можеби не се вклопува во неговото семејство или нема да ја прифатат неговите пријатели. Можеби едноставно таа му е премногу на располагање, па ја зема здраво за готово. Можеби не е сигурен какви емоции има. Можеби одлучи никогаш повеќе да не се скраси. А можеби едноставно е будала.

Како било.

Не им е ниту на жените многу поинаку, само ние имаме точна причина зошто одлучивме со некој да прекинеме, ма колку и да ни се важни мажите. Знам по себе. Нема таква сила која ќе ме наведе на некој и да помислам повторно, ако во мене е тоа завршена приказна. Независно што рекол, направил, се обидел. Не важно дали ја свртел планетата, симнувал ѕвезди од небо, праќал ружи секој ден. Готово е. Или исчезна искрата или во моите очи поради се’ што знам, тој не е личноста со која можам да го поминам животот.

Се случува. Секојдневно. Не е некоја трагедија, но на многумаина им е така. Посебно на жените, како одеднаш да е крај на светот и ништо повеќе нема смисла. Додека во еден момент не престане сета своја среќа да ја врзува за некоја илузија, некоја личност која не и’ е партнер. И ќе сфатат дека се сами кројачи на својата судбина.

Мажите тука се многу едноставни. Бидејќи се различно ‘програмирани’ за системот проблем – решение. Некој не ги сака и тогаш едноставно или ќе одлучат тоа да го претворат во предизвик или да заклучат дека не им е по ќеф и пријатно.

Колку тоа и да ме нервира, морам да признам дека во таа смисла се генијалци. Едноставноста со која пристапуваат кон животот ме воодушевува. Но, непобитна е вистината дека луѓето едноставно понекогаш можат да не’ ‘оладат’. Со некоја груба реченица, невнимание или просто со континуирана глупост. И колку и да обожаваме некој, секоја таа глупост ќе направи да ни биде помалку важно, додека емоцијата не се потроши.

Мажите кои храбро ќе го прифатат: ‘Не го добиваат мојот респект, бидејќи знаат кои се како личности и дека нивната среќа не зависи од тоа што една жена сака. Без тој респект не може да се развие однос. Не можам да бидам маж кој не го почитува’. Исто е и со мажите, жената која тој не ја почитува никогаш нема да биде жена во која може да се вљуби.

Самопочитта е предуслов за почитување од другата страна. Кога ја нема, искрата исчезнува. Во флертот, состаноците, долгогодишна врска па дури и во бракот. Сакате на некој да му бидете ‘вау’? Прво себеси бидете си.

Заминете кога некој не ве посакува или не е сигурен што ќе биде со вас. Без драми, солзи и циркус. Колку и да имате глупости направено претходно, извинете се и заминете. Заземете став на личноста која ги почитува туѓите граници, но пред се’ себе.

И кој знае, можеби работите ќе се сменат или ќе запознаете некоја нова личност со која магијата ќе трае.

Марија

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading